Македонија на Детска Евровизија 2016

Македонија учествуваше на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 година, кој се одржа на 20 ноември 2016 година, во Валета, Малта. За организирање на нивното учество на натпреварот беше одговорен македонскиот радиодифузер Македонската радио телевизија (МРТ). Мартија Станојковиќ беше интерно избрана да ја претставува Македонија со песната „Love Will Lead Our Way“.

Junior Евровизија 2016
Држава Македонија
Национален избор
Изборен процесInternal selection
Дата на избор
  • Artist: 24 July 2016
  • Song: 10 October 2016
Избран учесникMartija Stanojković
Избрана песна"Love Will Lead Our Way"
Избран текстописецAleksandar Masevski
Martija Stanojković
Изведба во финале
Финален резултат12th, 41 points
Macedonia на Junior Евровизија
2016

Заднина

уреди

Пред натпреварот во 2016 година, Македонија учествувала единаесет пати на Детската Евровизија, од нејзиното деби на инаугуративниот натпревар во 2003.[1][2] Македонија двапати отсуствуваше на Детската Евровизија во 2012 и 2014.[3] Тие никогаш не победиле на натпреварот, а најдобри резултати биле во 2007 и 2008, претставени од дуото Росица Кулакова и Димитар Стојменовски, односно Боби Андонов, освојувајќи го петтото место.[3]

Пред Детска Евровизија

уреди

Македонскиот радиодифузер на 19 јули 2016 година објавил дека ќе учествуваат на натпреварот планиран да се одржи на 20 ноември 2016, во Валета, Малта.[4] На 24 јули 2016, МРТ објавил дека внатрешно ја избрале Мартија Станојковиќ да ги претставува во Малта.[5] Нејзината песна за натпреварот, „Love Will Lead Our Way“, била објавена на 10 октомври 2016.[6]

Информации за песната

уреди

Love Will Lead Our Way

уреди

Love Will Lead Our Way“ е песна на македонската пејачка Мартија Станојковиќ. Ја претставувала Македонија за време на Детската Евровизија 2016. Компонирана и напишана е од Александар Масевски и Мартија Станојковиќ. Официјалното музичко видео за песната било објавено на 10 октомври 2016.

На Детска Евровизија

уреди

За време на церемонијата на отворањето и ждрепката за утврдување на редоследот што се одржала на 14 ноември 2016, Македонија беше извлечена да настапи седма на 20 ноември 2016 година, по Бугарија и пред Полска.[7]

Финалето се емитуваше во Македонија на МРТ 1.

Финале

уреди

Мартија настапила со три танчери. И покрај тоа што беа фаворит за победа на натпреварот, тие го освоија само 12-тото место.[8]

Гласање

уреди

За време на прес-конференцијата за Детската Евровизија 2016, одржана во Стокхолм, Референтната група објави неколку промени во форматот на гласање за натпреварот за 2016 година. Претходно, поени беа доделени врз основа на комбинација од 50% национални жирија и 50% телефонско гласање, со уште еден збир на поени, исто така, дадени од „детско жири“. Сепак, оваа година, бодовите ќе се доделуваат врз основа на комбинација од 50/50 од возрасно и детско жири од секоја земја, што ќе ги објави портпарол. За прв пат од инаугурацијата на конкурсот, процедурата за гласање нема да вклучува јавно телевизиско гласање.[9] По овие резултати, три стручни поротници исто така ќе ги објават своите поени од 1–8, 10 и 12. Овие професионални поротници биле: Кристер Бјоркман, Мадс Гримстад и Џедвард.[10]

Points awarded to Macedonia[11][12][13]
Score Adult and expert juries Kids juries
12 бодови
10 бодови
8 бодови   Холандија
7 бодови   Албанија
6 бодови
5 бодови   Австралија
4 бодови
3 бодови   Србија   Израел
2 бодови
1 бод   Италија

Points awarded by Macedonia[11][12][13]
Гласови Возрасно жири Детско жири
12 бодови   Италија   Русија
10 бодови   Ерменија   Малта
8 бодови   Русија   Ерменија
7 бодови   Бугарија   Италија
6 бодови   Малта   Бугарија
5 бодови   Србија   Грузија
4 бодови   Холандија   Холандија
3 бодови   Белорусија   Србија
2 бодови   Полска   Австралија
1 point   Австралија   Албанија

Наводи

уреди

 

  1. „Junior Eurovision Song Contest 2003“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. 15 November 2003. Посетено на 5 August 2016.
  2. Granger, Anthony (31 August 2014). „JESC history: Junior Eurovision Song Contest 2003“. eurovoix.com. Eurovoix. Архивирано од изворникот на 2 August 2016. Посетено на 5 August 2016.
  3. 3,0 3,1 „F.Y.R. North Macedonia in the Junior Eurovision Song Contest“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 5 August 2016.
  4. Granger, Anthony (19 July 2016). „anorth Macedonia: Confirms Junior Eurovision 2016 participation“. eurovoix.com. Eurovoix.
  5. Frazer, Daz (24 July 2016). „Martija Stanojković for North Macedonia!“. eurovoix.com. Eurovoix. Архивирано од изворникот на 2 August 2016. Посетено на 24 July 2016.
  6. García, Belén (10 October 2016). „Listen to 'Love will Lead our Way', North Macedonian entry for Junior Eurovision 2016“. esc-plus.com. Esc-plus. Посетено на 13 November 2016.
  7. Jordan, Paul (15 November 2016). „Final running order revealed!“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 16 November 2016.
  8. Jordan, Paul; Nilsson, Helena (15 November 2016). „Highlights from the first day of rehearsals in Valletta“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 17 November 2016.
  9. Jordan, Paul (13 May 2016). „Format changes for the Junior Eurovision 2016“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 17 May 2016.
  10. Jordan, Paul (13 May 2016). „Jedward to appear at Junior Eurovision 2016!“. junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. Посетено на 17 May 2016.
  11. 11,0 11,1 „Results of the Final of Valletta 2016“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 31 May 2021. Посетено на 31 May 2021.
  12. 12,0 12,1 „Junior Eurovision Song Contest 2016 - Complete scoreboard“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 20 April 2017. Посетено на 31 May 2021.
  13. 13,0 13,1 „Whizz-kids, let's dive into the results!“. www.junioreurovision.tv. European Broadcasting Union. 20 November 2016. Архивирано од изворникот на 21 November 2016. Посетено на 5 June 2017.