Боби Андонов
Боби Андонов (англиски: Bobby Andonov; роден 28 август 1994 во Мелбурн), познат по неговото сценско име BOBI — австралиски пејач, текстописец и продуцент со македонско потекло.
Боби Андонов | |
---|---|
Андонов настапувајќи во 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Bobby Andonov |
Познат(а) и како | BOBI, Bobi Andonov, Bobby Andonov |
Роден(а) | 28 август 1994 Мелбурн, Австралија |
Потекло | Мелбурн, Австралија |
Жанрови | алатернативна музика, поп |
Занимања | пејач, текстописец, музичар |
Инструменти | пијано, гитара |
Период на активност | 2008–до сега |
Издавачи | независен |
Мреж. место | bobimusic.com |
Ран живот
уредиАндонов е роден во Мелбурн, Австралија од македонски родители што потекнувале од Струмица.[1] Тој настапувал уште од шест години, кога почнал со танување и пеење во неговиот роден град Мелбурн. На девет години, глумел како Дени Зуко во детска продукција на мјузиклот Брилијантин. Живеел во Македонија на возраст од 13 до 15 години. Потоа тој бил избран да биде еден од четирите млади Симба во бродвејската продукција на Кралот лав во Мелбурн и Шангај, Кина.[2]
Музичка кариера
уредиНа 13 години, Андонов ја претставувал Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2008 во Кипар. Од 15 држави, тој го освои петтото место со неговата песна „Прати ми СМС“, што доведе до европска турнеја низ Балканот.[1] Во 2010, на 15 години, Андонов влезе во „Австралија има талент“. Неговата аудиција достигна над 15 милиони прегледи. Тој беше суперфиналист во шоуто, изведувајќи кавери на песни меѓу кои „Халелуја“ од Леонард Коен и „Heartless“ од Кање Вест.[3] Во 2010, продуцентот и музички критичар, Моли Мелдрум го одведе Андонов во Сиднеј за да се сретне со РнБ пејачот Ашер.[3]
На почетокот од 2014, Андонов напишал две песни за австралискиот долгометражен филм The Dream Children, режиран од Роберт Чутер. Тој исто така работел на дебитантскиот албум Forget the World на Афроџек од 2014 година, и ја ко-напишал песната "Born to Run", која го вклучувала Тајлер Глен од Neon Trees како вокал. Андонов го ко-напишал и ко-продуцирал синглот "Stone" од 2015 година, сниман од победникот на Х Фактор Австралија, Сајрус Вилануева.[4]
Во ноември 2015, Андонов потпишал договор со Холивуд Рекордс и се преселил во Лос Анџелес, каде што престојува сега.[5] На 20 октомври 2017, го објавил неговиот дебитантски сингл "Apartment", заедно со музичко видео за песната.[6]
Влијанија
уредиАндонов ги навел Теренс Трент Д’Арби, Prince и Џорџ Мајкл како музички влијанија.
Дискографија
уредиСинглови
уреди- "Apartment" (2017)
- "Faithful" (2018)
- "Smoke" ft Son Lux (2018)
Production and writing credits
уредиГодина | Изведувач | Албум | Песна | Credit | Peak chart positions |
---|---|---|---|---|---|
AUS[7] | |||||
2014 | Afrojack feat. Tyler Glenn | Forget the World | "Born to Run" | Co-writer | – |
2015 | Joel Fletcher | "State of Emergency" | Co-writer, vocals | – | |
Cyrus Villanueva | Cyrus | "Stone" | Co-writer, co-producer | 4 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Jonathon Moran and Elle Halliwell, "Australia's Got Talent star Bobby Andonov has secret past life," The Daily Telegraph, 16 May 2010.
- ↑ David Knox, "Bobby Andonov at Junior Eurovision," TV Tonight, 16 May 2010.
- ↑ 3,0 3,1 Colin Vickery, "Talent changes Bobby's future," Herald Sun, 8 June 2010.
- ↑ David Watt, "Cyrus Wins 'X Factor' Australia and Celebrates By Dropping New Single," Noise, 2015.
- ↑ Mike Wass, "Cyrus Wins 'X Factor' Australia, Drops 'Stone' Cold Smash,"[мртва врска] Idolator, 25 November 2015.
- ↑ Jon Ali, "Queer Necessities: Billboard Pride's November Playlist," Billboard, 1 November 2017.
- ↑ Peak positions in Australia:
- For all except noted: Hung, Steffen. „Discography Cyrus Villanueva“. Australian Charts Portal. Hung Medien (Steffen Hung). Архивирано од изворникот на 9 December 2015.
- For "Hold Back the River": Ryan, Gavin (24 October 2015). „ARIA Singles: Macklemore & Ryan Lewis 'Downtown' Still No 1“. Noise11. Посетено на 24 October 2015.
- For "Rumour Has It": „australian-charts.com – ARIA Chartifacts 9-November-2015“. Gavin Ryan (bulion) on Hung Medien. 8 November 2015. Архивирано од изворникот на 4 December 2015. Посетено на 8 November 2015.
- For "Knockin' on Heaven's Door": Ryan, Gavin (14 November 2015). „ARIA Singles: Adele 'Hello' Spends Third Week at No 1“. Noise11. Посетено на 14 November 2015.
- For "In the Air Tonight": Ryan, Gavin (28 November 2015). „ARIA Singles: 'Hello' Is No 1 Again“. Noise11. Посетено на 28 November 2015.
- For "Jealous": Ryan, Gavin (5 December 2015). „ARIA Singles: Adele 'Hello' Spends Sixth Week at No 1“. Noise11. Посетено на 5 December 2015.
Надворешни врски
уреди- Боби Андонов на Ризницата ?
- Официјална