Лујџи Датоме
Лујџи "Џиџи" Датоме (роден на 27 ноември 1987 година) е италијански кошаркар, крило на Олимпија Милано и на италијанската репрезентација.
|
Кариера
уредиПочетоци
уредиДатоме пораснал во младинските каегории на Санта Кроче од Олбија. Дебитирал во Б2 серијата на возраст од 15 години и во истиот период го освоил италијанското првенство во кошарка за млади играчи. Во 2003 година се преселил во Монтепаски Сиена, каде тренер му бил Карло Рекалкати и останал таму до 2006 година. Во неговата прва сезона во Сиена одиграл шест натпревари и го освои скудетото и Суперкупот на Италија. Во следната сезона играл во тринаесет натпревари; во сезоната 2005-2006 настапите и минутите поминати на теренот му се зголемиле, а пет пати започнал и во почетната петорка.
Во средината на сезоната 2006-2007 тој се преселил од Монтепаски Сиена во Легеа Скафати во размена со Родолфо Ромалдони, кој се преселил во Сиена; тој го носел дресот на Скафати, и во следната сезона и собрал вкупно четириесет и шест настапи. Во септември 2008 година се вратил во Сиена, кој го продале играчот на Виртус Рома за две сезони. Во сезоната 2008-2009 тој бил избран за Најдобар играч под 22 години во првенството.
Датоме останал во екипата од Рим до крајот на сезоната 2012-2013, забележувајќи 149 натпревари и 1.776 бода. Во неговата последна сезона во Виртус, Џиџи пронашол континуитет: тој бил избран за најдобар играч на првенството на крајот од регуларниот дел од сезоната 2012-2013 и стигнал до финалето на плејофот, каде неговата екипа била поразена од Монтепаски Сиена со 4-1.
НБА
уредиДетроит Пистонс
уредиНа 15 јули 2013 година ја напуштил Италија и се преселил во НБА, потпишувајќи договор со Детроит Пистонс каде одлучил да го носи дресот со број 13.[1] На 30 октомври 2013 година тој го имал своето деби во НБА, играјќи деветнаесет секунди во победата на Пистонс над Вашингтон Визардс. Тој постигнал 13 бода во победата над Кливленд Кавалиерс, највисоки во неговата кариера.[2] Пристигнувањето во Детроит било комплицирано заради тоа што Џиџи дошол со повреда на ногата со која се здобил за време на настапите со репрезентацијата, поради што морал да ја прескокне целата претсезона, епизода што прави тој да падне пониско во "хиерархиите" на тимот. Иако сезоната е долга просторот за игра за Датоме не бил толку многу: на крајот на сезоната тој запишал 238 минути на паркетот во 34 натпревари, но успеал да постигне мал рекорд. Во натпреварот на гости против Голден Стејт Вориорс во кој Пистонс загубиле со 113-95, Џиџи станал најбрзиот Италијанец кој постигна двоцифрен број на бодови во НБА, постигнувајќи 10 бода со шут од игра 2/2 за два и 2/4 за три) престигнувајќи го Данило Галинари.
Во сезоната 2014-2015, Датоме играл во првиот натпревар на Детроит против Лос Анџелес Лејкерс забележувајќи 7 бода. На 15 јануари 2015 година Датоме објавил дека сака да игра во Д-Лигата за да најде повеќе простор на теренот: тој играл три натпревари во Showcase D-League 2015, каде неговиот тим Гранд Рапидс Драјв бил поразен во финалето, а по завршувањето на овој настан се вратил во Пистонс, како што било договорено со менаџментот.[3][4] На 11 февруари се вратил на теренот со Пистонс во победата против Шарлот Хорнетс, каде што постигнал четири бода.
Бостон Селтикс
уредиНа 19 февруари 2015 година, тој бил разменет заедно со Јонас Јеребко во Бостон Селтикс во замена за Тејшон Принс.[5] Датоме изберал да го носи дресот со бројот 70, како седми играч во историјата на НБА кој се одлучил за оваа бројка, во чест на Санта Кроче Олбија, неговото семејство и првиот тим во кариерата, основан во 1970 година.[6]
Дебитирал истиот месец против Њујорк Никс играјќи ги последните 4 минути од натпреварот. На 9 март тој постигнал 13 бода во победата над Мајами Хит, изедначувајќи го својот најдобар резултат во кариера и за првпат завршил со двоцифрен број на бодови во два натпревари по ред, откако претходната вечер (на 8 март) реализирал 10 бода во натпреварот против Орландо Меџик. На 15 април тој поставил нов свој највисок број бодови во НБА кариерата, постигнувајќи 22 бода за време на последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната против Милвоки Бакс.[7][8]
Селтикс завршиле седми во Источната конференција во регуларниот дел на сезоната и се пласирале во НБА плејофот каде во првиот круг се сретнале со Кливленд Кавалирс на Леброн Џејмс. Тоа било првото учество на Датоме во НБА плејофот. Тој играл во три натпревари на Селтикс, со просек од 4,7 минути и 1,3 бода по натпревар, а неговиот тим бил елиминиран со 4-0 во победи.
Меѓутоа, во овие месеци во Бостон, Џиџи ги натера сите навивачи на Бостон да се заљубат во него толку многу што тренерот, Бред Стивенс изјавил многу важни зборови за него велејќи: Тој е еден од најдобрите шутери што сум ги видел.[9]
Фенербахче
уредиНа 14 јули 2015 година, Датоме потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Фенербахче.[10] Во својата прва сезона со тимот, Датоме го освои Купот на Турција со победа над Дарушафака од 67-65. Фенербахче, исто така, стигнал до финалето на фајнлфорот во Евролигата, но не успеале да ја освојат титула, откако биле поразени од ЦСКА Москва со 96-101 по продолженија.[11] Во 29 натпревари во Евролига, тој имал во просек 12,4 бода и 4,4 скока по натпревар, а во финалето имал учинок од 16 бода 5 скокови и 3 асистенции. На крајот од сезоната, со Фенербахче исто така го освоил и турското првенство и бил избран за МВП на финалето.
Следната сезона му помогнал на клубот да ја одбрани титулата во турското првенство, но и за првпат во клупската историја Фенербахче да стане првак во Евролигата со победата во финалето над Олимпијакос од 84-60. Во финалениот натпревар Датоме имал учинок од 11 бода и 6 скока.
На 5 јули 2017, Датоме го продолжил договорот со клубот за уште три сезони.
Репрезентативна кариера
уредиДатоме бил дел од неколку национални младински репрезентации: тој бил дел од тимот што го освоил 9-тото место на Европското кадетско првенство во 2003 година, од тимот што го освоил 4-тото место на Европското првенство за играчи под 18 години во 2004 за потоа да ја освои бронзата во 2005 година. Тој, исто така играл и на Европското првенство за играчи под 20 години 2006 (4-то место) и 2007 (3-то место).
Во летото 2007 година дебитирал за сениорската репрезентација на Италија: на 2 јуни тој постигнал 5 бода во пријателскиот натпревар против Хрватска. Подоцна бил повикан да учествува на Евробаскетот 2007 во Шпанија: поминал само 6 минути на теренот во текот на целиот турнир (забележувајќи само 2 скока), во поразот со 74-79 од Литванија. Тој исто така учествувал и на Евробаскетот 2013 како бил капитен на аѕурите, завршувајќи го турнирот со 13,8 бода, 4,8 скока и 1,4 асистенции.
Во јуни 2016 година тој бил повикан за Квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2016 кој се одржал во Торино, но на 9 јули Италијанците загубиле од Хрватска во финалето и неуспеале да се квалификуваат за Олимпијадата во Рио де Жанеиро.[12]
Во 2017 година, тој учесвувал во квалификациите и во завршницата од Европското првенство 2017, каде и помогнал на Италија да стигне до четвртфиналето во кое репрезентацијата на Датоме бил поразен од Србија со 64-76 на 13 септември.
Успеси
уредиКлупски
уредиМенс Сана Сиена
уреди- Серија А (1) : 2003-2004
- Суперкуп на Италија (1) : 2004
Фенербахче
уреди- Суперлига на Турција (2) : 2015-2016, 2016-2017
- Куп на Турција (1) : 2016
- Куп на Претсдателот (2) : 2016, 2017
- Евролига (1) : 2016-2017
Поединечни
уреди- Најдобар играч под 22 години во Лега Баскет Серија А (1) : 2009
- МВП Серија А (1) : 2012-2013
- Идеален тим на Евролигата - втора постава (1) : 2015-2016
- МВП на финалето на Суперлигата на Турција (1) : 2015-2016
Наводи
уреди- ↑ nba.com (уред.). „Long-Distance Help“. Посетено на 16 јули 2013.
- ↑ „Notebooks: Pistons 115, Cavaliers 92“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. December 23, 2013. Посетено на December 15, 2014.
- ↑ „Pistons send Dinwiddie, Datome to Grand Rapids“. The Detroit News]]. January 14, 2015. Посетено на January 14, 2015. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ gazzetta.it (уред.). „http://www.gazzetta.it/Nba/20-01-2015/nba-datome-torna-pistons-lui-nuova-sfida-100552390838.shtml“. Посетено на 20 јануари 2015. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ „Gigi Datome cambia aria, i Pistons lo cedono ai Celtics“. Архивирано од изворникот на 2015-02-20. Посетено на 19 февруари 2015.
- ↑ „Luigi Datome: "Un onore essere ai Celtics". L'ala piccola: "Ho scelto la n. 70 per onorare la Santa Croce basket Olbia"“. Посетено на 22 февруари 2015.
- ↑ Celtics win 6th straight, beat Bucks 105-100
- ↑ „Nba, festa Datome: 22 punti. Gallinari chiude con 18. Bargnani non entra“. Посетено на 16 април 2015.
- ↑ „Stevens elogia Datome: È uno dei tiratori migliori che abbia mai visto“. Архивирано од изворникот на 2016-05-21. Посетено на 24 мај 2015.
- ↑ „Fenerbahce Ulker Signed Luigi Datome“. Fenerbahce.org. 14 July 2015. Посетено на 14 July 2015.
- ↑ „CSKA Moscow claims its seventh Euroleague crown after OT thriller“. euroleague.net. Посетено на 9 September 2016.
- ↑ fiba.com, уред. (10 јули 2016). „La Croazia si qualifica per Rio 2016“. Архивирано од изворникот на 11 јули 2016. Посетено на 11 јули 2016.