Лудвигслуст-Пархим
округ во Германија
(Пренасочено од Лудвигслуст-Пархим (округ))
Лудвигслуст-Пархим (германски: Ludwigslust-Parchim) — округ во западниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, округот Северозападен Мекленбург, слободниот град Шверин, окрузите Росток и Мекленбуршката Езерска Област и сојузните покраини Бранденбург и Долна Саксонија. Управно седиште на округот е градот Пархим.[2]
Лудвигслуст-Пархим Landkreis Ludwigslust-Parchim | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Седиште | Пархим |
Површина | |
• Вкупна | 4.750 км2 (1,830 ми2) |
Население (31 декември 2022)[1] | |
• Вкупно | 214.161 |
• Густина | 45/км2 (120/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | LUP, HGN, LBZ, LWL, PCH, STB |
Мреж. место | kreis-swm.de |
Историја
уредиОкругот бил основан со спојување на поранешните окрузи Лудвигслуст и Пархим како дел од управната реформа во Мекленбург-Западна Померанија во септември 2011 година.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011 година.[3] Предложеното име за округот било Југозападен Мекленбург (Südwestmecklenburg).
Градови и општини
уредиСлободни градови |
---|
Општински заедници | |||
---|---|---|---|
|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
- ↑ 2,0 2,1 „Управна реформа на Мекленбург-Западна Померанија“. Архивирано од изворникот на 2011-10-04. Посетено на 5 септември 2011. (германски)
- ↑ „Резултати од референдумот“. Посетено на 5 септември 2011.