Пархим (округ)
Пархим (германски: Parchim) — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Северозападен Мекленбург, Гистров, Мириц, округот Пригниц во Бранденбург, округот Лудвигслуст и слободниот град Шверин. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011 година. Неговата територија е дел од новосоздадениот округ Лудвигслуст-Пархим.
Пархим Landkreis Parchim | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Укинат | 2011 |
Седиште | Пархим |
Површина | |
• Вкупна | 2,233 км2 (0,862 ми2) |
Население (2010) | |
• Вкупно | 95.798 |
• Густина | 43,000/км2 (110,000/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | PCH |
Мреж. место | landkreis-parchim.de |
Географија
уредиНајголем дел од округот е земјоделски насочен, но во најисточниот дел се наоѓаат неколку езера, од кои најголемо е Плауското Езеро (39 км²). Плауското Езеро е дел од Езерската Област Мириц.
Историја
уредиВо 1994 трите окрузи Пархим, Штернберг и Либц биле споени во новиот округ Пархим. Границите на овој нов округ биле скоро исти како на средновековното кнежевство Пархим-Рихенберг, кое постоело помеѓу 1238 и 1316. Овој округ бил споен со округот Лудвигслуст при административната реформа во септември 2011 година, создавајќи го новиот округ Лудвигслуст-Пархим.
Грб
уредиГрадови и општини
уредиСлободен град |
---|
Општински заедници | ||
---|---|---|
|
|
|
1седиште на општинската заедница;2град |
Надворешни врски
уреди- Пархим на Ризницата ?
- Матична страница (германски)