Царентин
Царентин (германски: Zarrentin am Schaalsee; службено наречен Царентин на Шалзе) — град во округот Лудвигслуст-Пархим, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на Шалското Езеро, 19 километри југоисточно од Рацебург и 34 километри западно од Шверин. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Царентин | |
Поранешна зграда на манастирот, денес седиште на градот | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Лудвигслуст-Пархим |
Месна заед. | Царентин |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Маријан Боровкоф |
Основни податоци | |
Површина | 91,89 км2 |
Надм. височина | 40 м |
Население | 5.484 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 60 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LWL |
Пошт. бр. | 19246 |
Повик. бр. | 038851 |
Портал | www.zarrentin.de |
Местоположба на градот Царентин во рамките на округот Лудвигслуст-Пархим | |
Координати | 53°32′N 10°55′E / 53.533° СГШ; 10.917° ИГД |
Историја
уредиПомеѓу 1982 и 1990 година, Царентин служел како источногермански патен граничен премин на внатрегерманската граница на денешниот автопат А24 помеѓу Источна Германија или Западен Берлин и Западна Германија. Сообраќајот бил регулиран со одредбите од меѓузонскиот сообраќај.
Галерија
уреди-
Колони на источногермански автомобили на граничниот премин Царентин на 12 ноември 1989 година, три дена по падот на Берлинскиот ѕид
-
Патека за пешачење
-
Бојсовско Езеро
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Царентин на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа статија за место во Мекленбург-Западна Померанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |