Лопеш

село во Населичко, Егејска Македонија

Лопеш (грчки: Απιδέα, Апидеја; до 1960 г. Ανάργυροι, Анаргири[2]; до 1927 г. Λώπες, Лопес[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 13 жители (2021).

Лопеш
Απιδέα
Лопеш is located in Грција
Лопеш
Лопеш
Местоположба во областа
Лопеш во рамките на Горуша (општина)
Лопеш
Местоположба на Лопеш во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°18′N 21°19′E / 40.300° СГШ; 21.317° ИГД / 40.300; 21.317
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно13
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во областа Населица, околу 5 км југозападно од гратчето Лапчишта.[4]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Лопеш било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лопеш живееле 71 Грци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лопеш има 70 Грци.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лопеш живееле 90 Грци христијани.[6]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 130 жители.[4]

Во 1940 г. населението достигнало 159 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[4]

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[4]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 159 145 139 108 85 51 41 33 13
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Πανδέκτης: Anargyroi -- Apidea“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-31.
  3. „Πανδέκτης: Lopes -- Anargyroi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-07-31.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 342.
  5. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.45“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-07-31.
  6. Σπανός, Κωνσταντίνος. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.