Личотер
Личотер или Лисотер (грчки: Περιστερά, Перистера или Περιστεριά, Перистериja; до 1928 г. Λίτσιστερ, Лицистер,[1] Λιτσοτέρι, Лицотери) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес останала само црквата „Св. Никита“.
Личотер Περιστερά | |
---|---|
Координати: 40°22.59′N 20°59.52′E / 40.37650° СГШ; 20.99200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Нестрам |
Надм. вис. | 1.061 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во областа Нестрамкол, 27 км југозападно од градот Костур и 5 км западно од општинското седиште Нестрам. Лежело во северните пазуви на планината Грамошта, на Личотерска Река, притока на Бистрица.[2]
Историја
уредиЛичотер во минатото било македонско село, кое се растурило за времето на Али-паша Јанински. Подоцна, на негово место е подигната колибарска сточарска населба во која се сместиле Грци Качауни, и било толку незабележително што не се споменува во постарите статистики.[2] Кон крајот на XIX век Личотер било село во Костурската каза. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, и истата година во него се попишани 89 жители.[2] Во 1928 г. властите го преименувале во Перистера,[3] кога имало население од 104 лица. Во 1940 г. се населението бележело 114 жители, но подоцна се распаднало за време на Грчката граѓанска војна и денес не постои.
Од селото денес е преостаната само црквата „Св. Никита“.[4]
Наводи
уреди- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λίτσιστερ -- Περιστεριά
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 29.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Ο ναός του Αγίου Νικήτα στο εγκαταλειμμένο χωριό „Λιτσοτέρι" Νεστορίου“. Φως της Καστοριάς. 14 септември 2013. Посетено на 30 јули 2015.