Бис без

(Пренасочено од Бис Без)

Бис Без — македонска рок група создадена во 1964 г. во Скопје, под силно влијание на легендарните Битлси. Формирана е по распаѓањето на рок составите Бисери и Безимени. Од групата Бисери, во бендот, дошле Станислав Длака (гитара) и Ламбе Смилевски (бас гитара), а од групата Безимени: Константин Икономов – Коце (на гитара и клавијатури), Димитар Чемков – Циме (гитара), Димитар Попанков (тапани) и вокал Стевче Јаневски - Чивчи. Ова е првата постава на групата, но подоцна, во бендот членувале и други музичари.

Бис Без
Познат(а) и какоБисери и Безимени
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровихард рок, рокенрол, блуз рок
Период на активност1964 (1964)–1973, 1992 (1992)–1993, 2002 (2002)–2008
Поранешни членови
Ламбе Смилевски
Константин Икономов
Станислав Длака
Димитар Чемков
Димитар Попанков
Стевче Јаневски

Создавање и почетоци (1964-1968) уреди

Бендот беше формиран во 1964 година. По формирањето, во 1964 и 1965 год, Бис Без свиреле по локалните клубови и сали. Во 1966 почнале да ги пишуваат своите први песни. Некои од песните што ги пишувале, претставувале препеви на познати песни, но на македонски јазик.

Слава и прв прекин (1968-1973) уреди

Свиреле повеќе жанрови рок-музика, како хард рок, рокенрол, блуз рок, психаделик рок и поп рок. Во април 1968 г. Бис Без учествувале на југословенскиот поп рок фестивал во Загреб, свирејќи ја песната „Море сокол пие“. Во 1970 г. победиле на „Загреб поп фестивалот" со најголемиот нивни хит „Дал да плачам ил да пеам“. Бис Без свиреле и станаа популарни во текот од 1964 до 1973 г. Прекинале да свират во 1973 година кога, како што велат членовите од групата, „запливале во брачни води“.

Рејунион и расформирање (1992-2008) уреди

Во својата историја оваа група памети неколку прекини, а во 1992 година направиле кам бек што го реализирале со Музичката младина на Скопје во клубот „Хард рок". Истата година излегла нивната единствена касета.

Последниот рејунион го направиле во 2002 година кога свиреле по разни фестивали и свечености. Активно свиреле до 2008 година, кога на 62 годишна возраст починал басистот Ламбе Смилевски.

Надворешни врски уреди