Арија Бенд
Арија Бенд — е позната популарна македонска група формирана во 1997 година. Групата ја сочинуваат седум члена: Филип Пешевски, Здравко Ангелов, Никола Автовски, Благоја Перуновски, Ставре Ставрев, Горан Милошовски и Јулиана Николовска.
Арија Бенд | |
---|---|
Потекло | Република Македонија |
Жанрови | поп, народна музика |
Период на активност | 1997 - сè уште |
Членови | |
Филип Пешевски Здравко Ангелов Никола Автовски Благоја Перуновски Ставре Ставрев Горан Милошовски Јулиана Николовска | |
Поранешни членови | |
Мартин Вучиќ Орце Димитровски Далибор Ѓошиќ Горан Трајков |
Историја
уредиАрија е формирана во 1997 година, кога членовите почнале да свират заедно уште од средно училиште. Првиот тапанар на групата е: Горан Трајков кој останал една години во групата.
Во 1998 и 1999 година бендот настапува на "Цветници '98" со песната "Кој ја има жив да не биде", и "Цветници '99" "Лудо срце". Настапуваат и на "Валандово" во 1998 година со песната "Ти си нешто посебно" и "Сонце мое" 1999 година.
Во 1999 година, Мартин Вучиќ се приклучи на бендот како тапанар. Во тоа време, бендот почна да свири во едно во живо од во едно од најпопуларните ТВ-шоуа во тоа време наречено како "Еден плус Два" чиј водител беше Мартин Вучиќ на Сител-телевизија.
Во 2000 година, од бендот излегува нова песна насловена како: "На минута или Две". Истата година испаѓа и албумот насловен како: "Пола на пола" и испаѓа и песната "Во дното на душата".
Во 2002 година, Мартин Вучиќ станува соло пејач на групата, а на негово место како тапанар доаѓа: Ставре Ставрев.
Во 2010 година, беа дел од познатото Шоу на "Драган Вучиќ" "Некогаш и сега" кое се емитуваше на Канал 5 Телевизија.
Во Јануари 2011 година го промовираат албумот "The Best Of". Во Септември произлегува нова песна: "Ако сум луд". Истата година, се дел од оркестарот на концертот на "Мартин Вучиќ" насловен како: "Песни за душа".
Во 2012, се музичка придружба на концертот на "Миле Кузмановски" кој се одржа во "Универзалната Сала" во Скопје.
Настапуваат на Фестивалот "Цветници" во 2013 со песната "Возвишена", и 2014 со "Љубов голема".
Во 2017 година, им се приклучува и "Филип Пешевски" како нов пејач на бендот, на местото на "Далибор Ѓошиќ". Истата година прават нов проект, на обработка на песни, насловен како: Арија Бенд и пријателите.
Во 2019 година, бендот го придружува познатиот фолк пејач "Перо Христов" на неговите концерти по повод 50-години јубилеј.
Бендот во 2021 година, направија нов проект во живо, наречен како: "Celebrate Music".
Во 2023 година се дел од "Боемска вечер" со "Живко Динев" и пријателите концерт во Струмица.
Надворешни врски
уреди- Арија Бенд на YouTube
- Арија Бенд на Facebook - Фан страна
- Арија Бенд на Instagram