Виданка Ѓорѓиевска
Виданка Ѓорѓиевска — македонска пејачка на народни и новосоздадени фолклорни песни.
Виданка Ѓорѓиевска | |
---|---|
Роден(а) | 14 февруари 1948 Скопје, Македонија |
Потекло | Македонија |
Жанрови | Народна музика, Фолк музика |
Занимања | пејачка |
Период на активност | 1966 - сѐ уште |
Животопис
уредиВиданка Ѓорѓиевска е родена на 14 февруари 1948 година во населбата Горно Лисиче, Скопје. Професионално се занимава со музика од 1966 година.[1]
18 пати била во Америка одржала концерти, 14 пати била во Австралија и многу концерти во Европските земји. Има издадено 13 албуми, како и 3 видеоалбуми.
Виданка го поседува еден од најубавите и најтоплите гласови што се појавиле во македонската музика.
Нејзини најпознати песни се: Многу мерак имам бабо, Јоване море Јоване и Кирјана вино продава. Таа е чест учесник на фестивалот "Гоце Фест" каде има некомку големи хитови на тој фестивал: "Одново ВМРО се роди", "Егејска", "Асном-1944" и други.
Популарна е со изведувањето како на македонски авторски песни, така и на македонски стари народни песни.
Творештво
уредиВиданка Ѓорѓиевска напишала следниве новосоздадени фолклорни песни:
- Пијаница, аман љубовџија,
- По мене не се лажи ти (заедно со Кочо Петровски)
- Моите усни љуби ги лудо (заедно со Кочо Петровски)[2]
Дискографија
уреди- Vidanka Gjorgjievska, Sakam da si moj, RTB, EP 12 708.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Туѓината пуста да остане во изведба на Георгиева