Либериско кафе или либериско кафе дрво е вид на скриеносеменици растенија од родот кафе од фамилијата Бросови. Ова е трет најчест вид во одгледувањето по Арабика (арапско кафе) и Робуста (конгоско кафе). Кафето Либериско природно расте во западна и централна Африка од Либерија до Уганда и Ангола и е натурализирано на Филипините, Индонезија, Сејшелите, Андаманските и Никобарските Острови, Француска Полинезија, Средна Америка, Западна Индија, Венецуела, Колумбија, Малезија и Бразил.[1][2]

Дрво на Либериско кафе во Виетнам.

Распространетост и екологија

уреди

Оваа сорта на кафе за прв пат е откриена пред три века во шумите на Либерија, држава сместена на западниот брег на Африка, по што го добило и своето име. За време на шпанската колонијална ера од 1800-тите, либериското кафе е донесено и засадено во градот Липа, Филипини, а малку подоцна кон крајот на 19 век, зрната биле донесени во Индонезија за да ги заменат зрната Арабика уништени од лошите временски услови. Денес, Либерика се одгледува и широко се користи во Гвајана, Суринам, Биоко (Фернандо По), Саун Томе, Либерија, Малезија на Филипините и во помала мера Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Конго ( Бразавил ), Маврициус, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Виетнам, Тајван и Тимор.[3]

Биолошки опис

уреди

Зимзелена грмушка или мало дрво, достигнувајќи височина од 20 метри и е издржливо.

Листовите се цели, малку брановидни, спротивни, на кратки ливчиња, често овенати.

Цветовите се бисексуални, миризливи, 3-6 по соцветие.

Плодот е овално-елипсовидна бобинка, поголема од онаа на арапското кафе. Семињата се спаруваат (по две).

Употреба

уреди

Овој вид на кафе има многу силна арома, но прилично слаб вкус. Пијалокот, приготвен од зрната Либерика, нема висока содржина на кофеин. Со оглед на горенаведеното, видот ретко се користи - главно во мешавини на кафе, каде што се додава поради неговата арома (која во некои случаи може да биде посилна од Арабика).

Наводи

уреди
  1. „World Checklist of Selected Plant Families: Royal Botanic Gardens, Kew“. apps.kew.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-05-04. Посетено на 2017-07-18. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  2. „Coffees of Malaysia“. espressocoffeeguide.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-04-16. Посетено на 2018-04-16. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)
  3. „Сорт кофе Либерика | MyCoffeMall“ (руски). Архивирано од изворникот на 2020-09-18. Посетено на 2019-03-11. Занемарен непознатиот параметар |dead-url= (help)