Андамани и Никобари

Андамани и Никобари
Андамани и Никобари - अंडमान और निकोबार द्वीप
Држава: Индија
Главен град: Порт Блер
Површина: 6.495 км2
Население: 356.152
Густина на население: 55 жит/км2
Јазик: никобарски, бенгалски, англиски, хинди, тамилски, малајалски, телушки
Религија:
Веб-сајт: [1]
Мапа
Положба на Андамани ио Никобари во Индија

Андамани и Никобари тамилски: அந்தமான் நிக்கோபார் தீவுகள், хинди: अंडमान और निकोबार द्वीपसमूह) се две посебни групи на острови кои заедно сочинуваат сојузна територија во Индија.

Територијата е сместена во Индискиот Океан, географски се смета за дел на Југоисточна Азија. Се состои од две групи на острови, Андаманските Острови и Никобарските Острови, кои ги дели северниот напоредник на 10°, и тоа Андаманските Острови на север од оваа паралела и Никобарските Острови на југ од оваа паралела. Андаманското Море се наоѓа на исток a Бенгалскиот Залив на запад.

Главен град на територијата е Аднаманскиот град Порт Блер. Според последниот попис во Индија од 2001 година територијата броела 356.152 жители. Површината на овие острови изнесува околу 6.496 км2.

ГеографијаУреди

 
Поглед од воздух на Андаманските Острови

Оваа територија има околу 572 острови, од кои околу 38 се постојано населени. Повеќето од островите (околу 550) припаѓаат на Андаманската група. Помалиот дел, Никобарските Острови се група од 22 главни острови (10 ненаселени). Андаманските и Никобарските Острови се одвоени со морски канал широк околу 150 км.

Вкупната површина на Андаманските Острови изнесува околу 6,408 км2[convert: unknown unit]; додека Никобарските Острови се со површина од приближно 1,841 км2[convert: unknown unit].

ВладаУреди

Андаманските и Никобарските Острови се поделени на три административни единици. Секоја административна единица е поделена на помали административни подединици и талуци.

Јужен АндаманУреди

Главно седиште на административната единица се наоѓа во Порт Блер

Подединици и талуци:

НикобарУреди

Главно административно седиште: Кар Никобар

Подединици и талуци:

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди