Лесковец

село во Леринско, Егејска Македонија

Лесковец (грчки: Λεπτοκαρυές, Лептокариес; до 1926 г. Λεσκοβίτσα, Лесковица[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 62 жители (2011) — сите Македонци.[3]

Лесковец
Λεπτοκαρυές
Лесковец is located in Грција
Лесковец
Лесковец
Местоположба во областа
Лесковец is located in Лерин (општина)
Лесковец
Местоположба на Лесковец во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°44.47′N 21°30.33′E / 40.74117° N; 21.50550° E / 40.74117; 21.50550Координати: 40°44.47′N 21°30.33′E / 40.74117° N; 21.50550° E / 40.74117; 21.50550
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаКучковени
Надм. вис.&10000000000000695000000695 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно62
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

ГеографијаУреди

Селото е сместено во средиштето на Леринското Поле, 9 км југоисточно од Лерин. Лежи близу ридот Радош на планината Мала Река.

ИсторијаУреди

Во Отоманското ЦарствоУреди

Лесковец се за првпат се среќава во документ од XV век како Лесковчене, во кој по име се зведени 58 глави на домаќинствата.[4]

Во XIX век Лесковец било македонско село во Леринската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Лесковец како македонско село.[5][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Лесковец (Leskovetz) било село во Леринската каза со 50 домаќинства и 145 (или 185) жители Македонци.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Лесковец (Лѣсковецъ) имал 330 жители, сите Македонци христијани.[7][9]

Во селото работеле и грчката и бугарската пропаганда. Според извештајот на бугарскиот трговски агент во Битола Андреј Тошев, на 25 декември 1902 г. целото село (46 куќи) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, кое дотогаш било под Цариградската патријаршија.[10][11] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото жвееле 368 Македонци, сите под егзархијата.[7][12]

Во ГрцијаУреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 249 жители. Боривое Милоевиќ малку подоцна го спомнува со 50 македонски куќи, а во 1920 г. броело 238 лица.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Лептокариес, што е буквален превод на македонското име.[13]

Иако не настрадало во Граѓанската војна, населението значително опаднало во текот на 1960-тите поради иселувања во прекуокеанските земји.[3] Подоцна се одржало устојчиво, но почнало значајно да опаѓа во 2000-тите, при што во него во 2011 г. се збележани само 62 лица.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ и во него македонскиот јазик е зачуван на високо ниво.[14]

ЦрквиУреди

  • „Рождество на Пресв. Богородица“, изг. 1950 г.
  • „Св. Ѓорѓи“[15]

Селска слава е Мала Богородица, на 8 септември.

НаселениеУреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 378 327 287 197 162 186 116 62
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

СтопанствоУреди

Населението претежно се занимава со огледување на тутун, а застапено е и сточарството.[3]

ЛичностиУреди

  • Михо Трпко (Петре-војвода) — ајдутин од XVII век
  • Дељо Лесковски — ајдутин од крајот на XIX век
  • Лазар (Ѕоле) Бегалкин — револуционер на МРО, војвода на селската чета од Лесковец по 1904 г.[16]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λεσκοβίτσα -- Λεπτοκαρυές
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 160.
  4. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989. Меѓутоа, податоците може да се однесуваат и на Лескоец, Ресенско.
  5. Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  6. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  8. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.82 – 83, 84 – 85 и 110 – 111.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  10. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на ХХ век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 25 – 26.
  11. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 126.
  12. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176 – 177.
  13. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 – 1971
  14. Boeschoten, Riki Van. „Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)“
  15. Портал на поранешната Општина Кучковени (грчки)
  16. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 17.