Лерој Сане
Лирој Азиз Сане (француски изговор: [lə.ʁwa sa.ne], германски изговор: [ˈliːʁɔʏ̯ zaˈneː]; роден на 11 јануари 1996 година) — германски професионален фудбалер кој игра како крило за Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.[2][3]
Лирој Сане | |||
---|---|---|---|
Сане со Германија во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Лирој Ази Сане[1] | ||
Роден на | 11 јануари 1996[1] | ||
Роден во | Есен, Германија | ||
Висина | 1.84 m[1] | ||
Позиција | крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Манчестер Сити | ||
Број | 19 | ||
Младинска кариера | |||
2001–2005 | СГ Ватеншеид 09 | ||
2005–2008 | Шалке 04 | ||
2008–2011 | Бајер Леверкузен | ||
2011–2014 | Шалке 04 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014–2016 | Шалке 04 | 77 | (22) |
2016–2020 | Манчестер Сити | 90 | (25) |
2020- | Баерн Минхен | 90 | (20) |
Репрезентација ‡ | |||
2014–2015 | Германија 19 | 11 | (8) |
2015– | Германија 21 | 10 | (5) |
2015– | Германија | 50 | (11) |
* Ажурирано на: 27 December 2017 ** Ажурирано на: 10 November 2017 |
Клупска кариера
уредиРана кариера
уредиЛирој Сане започнал да игра фудбал во 2001 година за младинскиот тим на СГ Ватеншеид 09, за кој неговиот татко играл во неговата рана кариера. Во 2005 година, тој се приклучил на Шалке 04.Три години подоцна тој се преселил во Бајер 04 Леверкузен, но во 2011 година Сане и се вратил на младинската академија (Nachwuchsleistungszentrum) на Шалке 04.
Шалке 04
уредиНа 21 март 2014 година, Сане потпишал тригодишен професионален договор со Шалке 04 се до 30 јуни 2017.[4] Сане го остварил своето деби во Бундес Лигата на 20 април 2014 година, во натпреварот против Штутгардт. Тој го заменил Maкс Мејер во 77 минути при пораз од 3-1.[5]
Манчестер Сити
уреди2016-17 сезона
уредиНа 2 август 2016 година, Сане се приклучил на Манчестер Сити, потпишувајќи петгодишен договор за пријавени £37 милиони евра, со перформанси поврзани со потенцијално зголемување на надоместокот од £46.5 милиони евра.[6][7] Тој го направил своето деби во победата од 1-2, во манчестерското дерби, на 10 септември.[8] Својот прв гол за Сити го постигнал во победата од 2-1 против Арсенал на домашен терен во Премиер лигата.[9] По здобиените повреди, Сане се вратил против Тотенхем и постигнал гол во нерешениот натпреварт од 2-2 на Етихад.[10] Во следниот натпревар, тој постигнал трет последователен гол за победа на Сити од 3-0 против Кристал Палас во ФА Купот.[11]
Репрезентативна кариера
уредиСане го добил својот прв сениорски повик од германската репрезентација на 6 ноември 2015 за пријателскиот натпревар против Франција.[12] На 13 ноември 2015 година, Сане бил заменет во 61-та минута од страна на Џулијан Дракслер на Сент-Дени, со што ќе се бидат поразени од 2-0, засенети од престрелките и експлозиите околу стадионот[13]
Сане бил избран од страна на германскиот селектор Јоаким Лев да ја претставува земјата на Евро 2016 година.[14] Тој учествувал во еден натпревар, заменувајќи го Бастиан Швајнштагер во 79 минути во поразот на Германија од 2-0 во полуфиналиот натпревар против Франција.[15]
Личен живот
уредиСане е син на поранешната германска ритмичка гимнастичарка Реџина Вебер, која настапила на Летната Олимпијада во 1984 година и освоила бронзен медал и поранешениот фудбалер од Сенегал Сулејман Сане.[16] Сулејман Сане бил израснат во Франција; и тој дошол во Германија преку неговата служба во француската армија. Лирој Сане е роден во Есен, Северна Рајна-Вестфалија и израснал во близина на Lohrheidestadion во Ватеншеид.[17] Тој бил именуван во чест на Лирој Клод Ле Рој, поранешниот тренер на неговиот татко.[18] Лирој има двојно германско и француско државјанство.[19]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „FIFA Confederations Cup Russia 2017: List of players: Germany“ (PDF). FIFA. 2 јули 2017. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јули 2017. Посетено на 21 јули 2017.
- ↑ „Man City FC Club Details“. Посетено на 29 August 2016.
- ↑ „Leroy Sane“ (германски). FC Schalke 04 official website. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 5 August 2015.
- ↑ „Sane commits to Schalke“. FC Schalke 04 official website. 21 March 2014. Архивирано од изворникот на 2014-09-03. Посетено на 27 August 2014.
- ↑ „Stuttgart vs. Schalke 04 3 – 1“. Soccerway. 20 April 2014. Архивирано од изворникот на 2015-06-17. Посетено на 5 August 2015.
- ↑ „Leroy Sane: Germany midfielder joins Man City in £37m deal“. BBC Sport. 2 August 2016. Посетено на 2 August 2016.
- ↑ „Manchester City complete signing of Leroy Sane from Schalke“. ESPN FC. 2 August 2016. Посетено на 2 August 2016.
- ↑ „Manchester City's derby delight as De Bruyne inspires win over United“. The Guardian. Посетено на 18 September 2016.
- ↑ „Manchester City 2–1 Arsenal“. BBC Sport. 18 December 2016. Посетено на 28 January 2017.
- ↑ „Manchester City 2–2 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. 21 January 2017. Посетено на 28 January 2017.
- ↑ „Crystal Palace 0–3 Manchester City“. BBC Sport. 28 January 2017. Посетено на 28 January 2017.
- ↑ „Gomez returns, Trapp and Sané selected“. Deutsche Welle. 6 November 2015. Посетено на 12 November 2015.
- ↑ „Frankreichs Sieg verkommt zur Fußnote“. kicker online (германски). Olympia Verlag GmbH. 13 November 2015. Посетено на 22 November 2015.
- ↑ „UEFA EURO 2016 – Germany – Squad“. UEFA.com. Посетено на 6 December 2016.
- ↑ „Germany 0–2 France“. BBC Sport. 7 July 2016. Посетено на 6 December 2016.
- ↑ Zocher, Thomas (25 March 2014). „Schalke reward academy star Leroy Sane with two-year deal“. Sky Sports. Посетено на 26 April 2014.
- ↑ Philipp Rentsch (26 May 2015). „Leroy Sane: Nicht einfach zwischen den Welten zu switchen“. westline (германски). westline GbR: Aschendorff Medien GmbH & Co. KG und WestOnline GmbH & Co. KG in Gesellschaft bürgerlichen Rechts. Архивирано од изворникот на 2015-09-21. Посетено на 26 August 2015.
- ↑ Hugues Sionis (12 November 2015). „Allemagne : Leroy Sané (Schalke 04) aurait-il pu jouer pour l'équipe de France ?“ (француски). L'Équipe. Посетено на 12 November 2015.
- ↑ Fabian Kunze (11 November 2015). „Senkrechtstarter Leroy Sané: Eine Chance in der deutschen Nationalmannschaft“ (германски). Eurosport. Посетено на 14 November 2015.