Creedence Clearwater Revival, или скратено CCR ― американска рок група која била многу популарна за време на своето постоење во 1967-1972 година. Групата е основана во Ел Серито, Калифорнија. Први членови биле фронтменот, главниот гитарист и нејзиниот текстописец Џон Фогерти; неговиот брат, ритам гитаристот Том Фогерти; басистот Стју Кук и тапанарот Даг Клифорд. Тие заедно свиреле од 1959 година, прво под името Blue Velvets, подоцна како Golliwogs, и од 1967 како Creedence Clearwater Revival.[1] Најплоден и најуспешен период за групата бил од 1969 до 1971 година кога имале четиринаесет последователни песни кои се пласилале на топ 10 и пет последователни албуми во топ 10 листата во САД. Два албума, Green River (1969) и Cosmo's Factory (1970) се искачиле на врвот на топ листата. Групата. во 1969 година учествувала на фестивалот Вудсток во Њујорк, и била прв популарен изведувач кој се согласил да се појави таму. [2]

Creedence Clearwater Revival
Creedence Clearwater Revival во 1968. Од лево на десно: Том Фогерти, Даг Клифорд, Стју Кук and Џон Фогерти
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Blue Velvets, Томи Фогерти и The Blue Velvets (1959–1964), Vision, The Golliwogs (1964–1967)
ПотеклоКалифорнија, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1959 (1959)–1972 (1972)
ИздавачиFantasy
Поранешни членови
  • Даг Клифорд
  • Стју Кук
  • Џон Фогерти
  • Том Фогерти

CCR се распаднала кон крајот на 1972 година по жестоки караници меѓу членовите. Том Фогерти ја напуштил групата претходната година, а Џон се расправал со останатите членови за финансиите и за авторски права. Сето тоа резултирало со тужби меѓу поранешните членови од групата. Несогласувањата на Фогерти со сопственикот на Fantasy Records, Саул Заенц, завршиле на суд и Џон Фогерти одбил заедно да настапи со другите двајца преживеани членови од групата за време на приемот на Creedence во Куќата на славните од рокенролот во 1993 година.[3] Иако официјално групата никогаш не се обединила, Џон Фогерти продолжил да пее песни од CCR за време на неговите солистички концерти, а Кук и Клифорд од 1990-тите настапуваат под името Creedence Clearwater Revisited.

CCR само во САД продале 28 милиони плочи.[4] Компилацискиот албум Chronicle: The 20 Greatest Hits, објавен за прв пат во 1976 година, сè уште се наоѓа на листата на албуми на Билборд 200 и во август 2022 година ја надминал границата од 600 недели. Има 10 пати платинест тираж.[5] Списанието Ролинг Стоун ги ставил на 82 место на нивната листа од 100 најголеми уметници од 2010.[6]

Наследство

уреди

Ролинг Стоун ги рангирал CCR на 82-то место на својата листа на 100 најдобри уметници на сите времиња.[7] Во 2003 година, на листата од 500 најдобри албуми на сите времиња од списанието Ролинг Стоун се нашле Green River на 95-то место, [8] Cosmo's Factory на 265-то, [9] и Willy and the Poor Boys на 392-ро место.[10] Во 2004 година, на листата на 500 најдобри песни на сите времиња, Ролинг Стоун ги ставил песните „Fortunate Son“ на 99-то место, „Proud Mary“ на 155-то место, „Who'll Stop the Rain“ на 188-то место и „ Bad Moon Rising“ на 355-то место.

Според Acclaimed Music, тие се 61-от најпопуларен изведувач во историјата на популарната музика.[11]

Националниот регистар за записи при Конгресната библиотека на својот список во 2013 година ја додала песната „Fortunate Son“ како „културно, историски или естетски важна“.[12]

Fortunate Son“, „<i>Proud Mary</i>“ и „Cosmo's Factory“ се примени во Гремиевата куќа на славните.[13] „Proud Mary“ е рангирана на 39-то место на листата „100 најдобри рок песни“ на VH1.[14] „Bad Moon Rising“ е рангирана на 363-то место на листата „500 најдобри песни на сите времиња“ од NME.[15]

Членови

уреди
  • Даг Клифорд – тапани, перкусии, придружен и повремено прв вокал (1959–1972)
  • Сту Кук – бас гитара, придружен и повремено прв вокал, клавијатури (1959–1972)
  • Џон Фогерти – прв вокал, главна гитара, клавијатури, хармоника, саксофон (1959–1972)
  • Том Фогерти – ритам гитара, придружен и прв вокал (1959–1971; починал во 1990 година)

Дискографија

уреди
  • „Creedence Clearwater Revival“ (1968)
  • „Bayou Country“ (1969)
  • „Green River“ (1969)
  • „Willy and the Poor Boys“ (1969)
  • „Cosmo's Factory“ (1970)
  • „Pendulum“ (1970)
  • „Mardi Gras“ (1972)

Наводи

уреди
  1. Cavanagh, David (July 18, 2014). „Creedence Clearwater Revival – the full story, by John Fogerty, Stu Cook and Doug Clifford“. Uncut. Посетено на March 27, 2018.
  2. „Woodstock“. history.com. History.com Editors. Посетено на 24 March 2021.
  3. „Creedence Clearwater Revival“. Rockhall.com. Посетено на March 2, 2010.
  4. „Gold & Platinum“. RIAA. Посетено на January 7, 2019.
  5. „Gold & Platinum“. riaa.com. Посетено на 24 March 2021.
  6. Stone, Rolling (2010-12-03). „100 Greatest Artists“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2023-04-14.
  7. Празен навод (help)
  8. „Green River ranked no. 95“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
  9. „Cosmo's Factory ranked no. 265“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
  10. „Willy and the Poor Boys ranked no. 392“. Rolling Stone. May 31, 2009. Архивирано од изворникот на September 2, 2011. Посетено на October 25, 2021.
  11. „CCR ranked 61st most celebrated artist“. Acclaimed Music. Посетено на 25 October 2021.
  12. „National Recording Registry“. Library of Congress. Посетено на 25 October 2021.
  13. „Grammy Hall of Fame List“. Grammys. October 18, 2010. Посетено на 25 October 2021.
  14. „VH1: 100 Greatest Rock Songs“. VH1. Посетено на 25 October 2021.
  15. „NME 500 Greatest Songs List“. NME. February 11, 2014. Посетено на 25 October 2021.

Надворешни врски

уреди