Ла Пампа (покраина)

(Пренасочено од Ла Пампа Провинција)

Ла Пампа е покраина во Аргентина, сместена во областа Пампа во центарот на земјата. Таа се граничи со Сан Луис, Кордоба, Буенос Аирес, Рио Негро, Неукен и Мендоса.

Ла Пампа


'Грб

Главен град Санта Роса
Површина 143,440 km²
Население 299,294 (2001)
Густина 2.0/km²
Гувернер Оскар Марио Хорхе
Демоним Пампеец (Pampeano)
ISO 3166-2 AR-L
Штали на поранешниот имот Рока-Луро, денес резерват

Географија и клима

уреди

Средишниот дел на Пампасите е степски во кој има само врнежи до 500 mm годишно. Таквото поднебје регулира и драстични температурни разлики помеѓу денот и ноќта, кое пак итекако влијае врз растителноста.

Има само две поголеми реки тука. Едната е Колорадо (Шарена) а другата е Саладо (Солена).

Стопанство

уреди

Најважна економска франка во Ла Пампа е сточарството, со 3,632,684 (2002) грла на говеда. Друг добток кој се одгледува е 202,428 овци, 140,498 кози и 64,118 свињи.

На североисточниот дел, најмногу има полиња со жито (10% од производството во земјата), сончоглед (13% од НП), пченка, луцерка, јачмен, и други цералии.

Административна поделба

уреди

Ла Пампа има 22 департамента (шпански: departamentos).

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди