Мендоса (покраина)

Мендоса (шпан. Mendoza) е покраина во Аргентина, сместена во западноцентралниот дел на земјата во регионот Кујо. Се граничи со покраините Сан Хуан, Сан Луис, Ла Пампа, Рио Негро и Неукен. На запад се граничи со Чиле.

Мендоса


Coat of Arms

Главен град Мендоса
Површина 148,827 km²
Население 1.692.000 (2005)[1]
Густина 11.37/km²
Гувернер Селсо Жак
Демоним Мендосиец (mendocino)
ISO 3166-2 AR-M
Вилависенсио
Поглед на снежните Анди

Географија и клима уреди

Самата покраина е сместена на планинскиот масив на Андите, поточно на нивниот понизок дел попознат како „Преткордиљери“, кои се малку пониски. Реки кои течат се Мендоса, Тунујан, Дијаманте и Атуел.

Климата е континентална, сончева и сува, со топли лета и ладни зими Годишните врнежи се движат од 150 до 350 mm. Планините изобилуваат со ледници.

Стопанство уреди

Најголема гранка е лозарството, односно винарството со 70% од вкупното производство во земјата. Има и големо производство на јаболка, круши, домати, кромид, сливи, маслинки, вишни, праски и души.

Има огромни наоѓалишта на нафта. А исто така се копа и доста вар.

Административна поделба уреди

Покраината е поделена на 18 департмани (departamentos),

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Sistema de Indicadores y L.R.F PDF (113 КиБ) (шпански)

Надворешни врски уреди