Сан Луис (покраина)
Сан Луис (шпански: San Luis) е покраина во Аргентина сместена во географскиот центар на земјата (на 32º јужна паралела). Соседни покраини почнувајќи од север се Ла Риоха, Кордоба, Ла Пампа, Мендоса и Сан Хуан.
| |
Главен град | Сан Луис |
Површина | 76,748 km² |
Население | 367,933 (2001) |
Густина | 4.8/km² |
Гувернер | Алберто Родригес Саа |
Демоним | Пунтанец (Puntano) |
ISO 3166-2 | AR-D |
Стопанство
уредиНајразвиена стопанска гранка во Сан Луис е земјоделството. Најчесто се одгледува пченка и од животните говеда. Додека во градовите од индустријата најзастапено е производството на машини, текстил, керамика, пластика и хартија. од минералите пак имаме рудници на варовник и мермер, но исто така на волфрам, ураниум и сол.
Туризам
уредиИако Сан Луис не е некое привлечно одредиште на странските туристи, покраината сепак ја посетуваат домашните. Има богати извори на минерални води и со тоа има голем број на бањи како Villa de Merlo. Интересен е исто така националниот парко во главниот град Sierra de las Quijadas, и парковите Valle del Conlara, Potrero de los Funes.
Административна поделба
уредиПокраината има 9 департмани (departamentos).
Департмент | Главен град |
---|---|
Ајакучо | Сан Франциско де Монте де Оро |
Белграно | Вилја Генерал Рока |
Капитал | Сан Луис |
Чакабуко | Конкаран |
Коронел Прингелс | Ла Тома |
Генерал Педентера | Вилја Мерцедес |
Гобернадор Дупуј | Буена Есперанса |
Хунин | Санта Роса |
Либертадор Генерал Сан Мартин | Либертадор Генерал Сан Мартин |
Површина
уредиНадворешни врски
уреди- Управен портал на покраината Сан Луис Архивирано на 28 август 2005 г.
- Туризам: Сан Луис Архивирано на 30 септември 2007 г.