Буенос Аирес (покраина)
- За главниот град на државата, погл. Буенос Аирес.
Буенос Аирес (шпански: Provincia de Buenos Aires) е најнаселената покраина во Аргентина. Главен град е Ла Плата (850.000 жители) и се наоѓа 50 км јужно од главниот град Буенос Аирес.
Буенос Аирес Buenos Aires | |||
---|---|---|---|
Покраина | |||
Урбаниот центар на градот Ла Плата | |||
Местоположба на покраината Буенос Аирес во Аргентина | |||
Координати: 33°42′S 61°00′W / 33.700° ЈГШ; 61.000° ЗГД | |||
Земја | Аргентина | ||
Админ. центар | Ла Плата | ||
Делови | 135 | ||
Управа | |||
• Управник | Даниел Шоли (PJ) | ||
• Законодавен дом | Претставнички дом (92) Сенат (46) | ||
• Сојузна застапеност | 70 | ||
• Сојузни сенатори | Анибал Фернандес, Ларија Лаура Легизамон, Хајме Линарес | ||
Површина 1-ва | |||
• Вкупна | 307,571 км2 (118,754 ми2) | ||
Население (2010[1]) | |||
• Вкупно | 15,625,084 | ||
• Ранг | 1-ва | ||
• Густина | 0,051/км2 (0,13/ми2) | ||
Час. појас | ART (UTC−3) | ||
ISO 3166 | AR-B | ||
Мреж. место | gba.gov.ar |
Географија
уредиБуенос Аирес има површина од 307.571 км2 и се граничи со Рио Негро, Ла Пампа, Кордоба, Санта Фе и Ентре Риос. На исток излегува на Атлантикот. Воедно е и најголема покраина во Аргентина.
Претежно е рамничарска земја со исклучок на возвишенијата: Сиера де ла Вентана и Сиера де Тандил. Највисок врв е Серо Трес Пикос (1.239 м), а најдолга река е Саладо (700 км).
Клима
уредиПросечната температура во покраината изнесува помеѓу 13 и 17 °C. На брегот ветровите се студени и влажни. Има дождови од 500 до 1.000 мм годишно.
Стопанство
уредиРазвиено е сточарството, од кои најмногу овчарството, свињарството, и живинарството. Од големо значење е и млекарската индустрија.
Од земјоделските култури најмногу се одгледува соја, пченка, пченица, сончоглед. Има исто и маслинови полиња.
Од индустријата најразвиени се хемиската, металургијата, автомеханиката, текстилната индустрија и производството на храна. со учинок од 50% од вкупното производство во земјата.
Туризам
уредиТуризмот најзастапен е на атлантскиот брег. Познати туристички места се: Самборомбон Беј, Мар дел Плата и др.
Административна поделба
уредиПокраината е поделена на 134 административни делови (partidos)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „República Argentina por provincia o jurisdicción. Densidad de población. Año 2010“. Censo 2010 (шпански). Instituto Nacional de Estadística y Censos. Архивирано од изворникот на 2012-09-01. Посетено на 14 август 2012.
Надворешни врски
уреди- Управен портал на покраината Буенос Аирес
- Кратка историја на градовите Архивирано на 1 септември 2005 г.
- Секретаријат за внатрешни работи на покраината Архивирано на 25 април 2001 г.
- Историја и туризам Архивирано на 10 октомври 2014 г.