Тартар (митологија)

Тартар (грчки: Τάρταρος) во старогрчката митологија било најмрачното место во подземниот свет односно пеколот, место каде биле затворени победените богови и титани.

Тартар бил сместен уште пониско и од самиот Хад. Со Тартар владеел истоимениот бог, кој е роден од Хаос, заедно со Никта, Ереб, Геја и Ерос.

Во Тартар биле донесени Хекатонхирите и Киклопите. Подоцна, по крајот на војната помеѓу боговите, овде бил донесен и Крон, заедно со останатите титани, кои се спротивставувале на Зевс.

Наводи

уреди