Крабул
Крабул — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, денес во општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Крабул Крибул | |
---|---|
Координати: 41°34′N 23°56′E / 41.567° СГШ; 23.933° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Сатовча |
Површина | |
• Вкупна | 11.029 км2 (4,258 ми2) |
Надм. вис. | 825 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 387[1] |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2951 |
Повик. бр. | 07541 |
Географија и местоположба
уредиСелото Крабул се наоѓа на 20 километри североисточно од Хаџидимово и на 20 километри југозападно од општинскиот центар Сатовча. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 825 метри, во историко-географската област Чеч. Селото е расположено источно од реката Бистрица на север од село Боголин. Атарот на селото зафаќа површина од 11.029 км2.
Историја
уредиРан период
уредиКрабул има долга историја. Селото постои уште од античко време. Ова е потврдено од тракиските гробови што ги откриле селаните додека ги обработувале своите ниви. Откриени се остатоци од еднокорабна црква од V век, околу која се развила некропола за време на средниот век[2]. Крибул најверојатно е наследник село Букорово кое било напуштено од луѓето[3]. Селото е познато и по тоа што е единственото во областа Чеч кое во кое има откриени траги од развој на средновековна црна металургија[4].
Османлиско Царство
уредиВо текот на 19 век, селото било муслиманско и припаѓало кон Неврокопската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крабул (Kraboul) е село со 50 семејства и 140 Помаци[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители, сите македонски муслимани[6] Според Стефан Верковиќ во 1881 година во селото живееле 180 муслимански машки лица во 50 куќи.[7].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Во 1934 година името на селото било променето во Крибул.
Крибулски рид на Антарктикот името го добил според селото[8].
Население
уредиКако резултат на Балканските војни, од 438 жители во 1910 година, само 217 останале во селото во 1920 година.[9] Во 1899 година, селото имало население од 290 жители според резултатите од пописот на населението на Отоманското Царство[10]. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година в Абланица, Боголин и Крибул живееле 1692 Помаци.[11]
Според податоците на пописот во годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението на Крибул било 218, 170, 227 и 254 души.[12]
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 170 | 227 | 254 | 271 | 321 | 376 | 397 | 395 | 391 | 361 |
Националност | Население | Процент |
---|---|---|
Бугари | 208 | 55,91% |
Турци | 157 | 42,2% |
Вкупно | 372 |
Наводи
уреди- ↑ http://www.grao.bg/tna/tadr-2010.txt
- ↑ Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 151. ISBN 978-954-2972-17-4.
- ↑ Михайлов, Стамен (1969). „Църквата при с. Крибул, Благоевградски окръг“. Родопи (11): 16–18. ISSN 0861-1327.[мртва врска]
- ↑ Георгиев, Георги Костов (1978). Старата железодобивна индустрия в България. София: БАН. стр. 135.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. (II издание. изд.). София: Македонски научен институт. 1995 [1878]. стр. 130–131.
- ↑ Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Неврокопска Каза“. Македония. Етнография и статистика (II фототипно издание. изд.). София: Проф. М. Дринов. стр. 195.
- ↑ Райчевски, Стоян (2004) [1998]. Българите мохамедани (II издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 111. ISBN 954-9308-51-0.
- ↑ SCAR Composite Gazetteer of Antarctica
- ↑ Арденски, Владимир (2005). Загаснали огнища. София: ИК „Ваньо Недков“. стр. 106. ISBN 954-8176-96-3.
- ↑ Арденски, Владимир. Загаснали огнища. София, ИК „Ваньо Недков“, 2005. ISBN 954-8176-96-3. с. 106.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 245.
- ↑ Отдел „Статистика на населението“ (1960). Списък на населените места в НР България по съществуващо административно деление към 15 януари 1960 година с брой на населението от преброяванията през 1926, 1934, 1946 и 1956 години. София: Централно статистическо управление. стр. 16.
- ↑ „"&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
Надворешни врски
уреди„Крабул“ на Ризницата ? |