Коџа Омерли, Коџамерлија или Коџамерли (грчки: Χερσοτόπι, Херсотопи; до 1927 г. Κοτζά Ομερλή, Коѕа Омерли[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.[3]

Коџа Омерли
Χερσοτόπι
Коџа Омерли is located in Грција
Коџа Омерли
Коџа Омерли
Местоположба во областа
Коџа Омерли во рамките на Кукуш (општина)
Коџа Омерли
Местоположба на Коџа Омерли во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.23′N 22°41.32′E / 40.92050° СГШ; 22.68867° ИГД / 40.92050; 22.68867
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаРугуновец
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно23
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во Солунското Поле, јужно од Ругуновец.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Коџа Омерли било македонско село во Кукушката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коџамарлија (Codjamarlia) било село со 15 домаќинства сочинети од 73 жители Македонци.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Коџа Омерли било село со 260 жители Македонци христијани.[4][6]

Населението на селото е било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Коџашарли (Kodjacharli) било село во Кукушката каза со 360 Македонци егзархисти и во него работело бугарско училиште.[7] Селото било чифлиг на Селим-бег[3]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Коџамерли имало 40 куќи на Македонци христијани.[8]

Во Грција

уреди

Во Втората балканска војна (1913) селото е напуштено од неговите жители, бегајќи од грчката војска која настапувала во тој правец. Повеќето жители пребегале во Струмичко — 12 семејства во Секирник, 2 семества во Сушица, а пет семејства нашле спас во Бугарија[3]. При припојувањето на Коџа Омерли кон грчката држава, тоа било во урнатини, и затоа истата 1913 г. е се води како напуштено. Малку подоцна атарот го откупиле велепоседничките семејства Голимани, Таки Конаки и Камбури, со вкупно 1.400 хектари земја. Во 1920 г. се попишани членовите на овие семејства и работниците што живеел на имотот — вкупно 137 жители. Во 1928 г. бројката се намалила на 56 лица.[3]

Во 1927 г. селото е преименувано во Херсотопи.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 80 64 61 57 47 57 60 23
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

уреди
  • Георги Динев (1888 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIV Воденска дружина[9]
  • Гоце Стојков (1867/1872 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, Нестројна чета на XIII Кукушка дружина[9]
  • Крсте Георгиев (1892 – ?) — борец во МОО, Нестројна чета на III Солунска дружина[9]
  • Мице Гогов (1874/1875 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина[9]
  • Мице Донев (1888 – ?) — борец во МОО, Прехранбен транспорт на МОО, Нестројна рота на III Солунска дружина[9]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 101. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 165. ISBN 954430424X.
  7. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 98–99.
  8. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 32.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 159, 179, 240, 247, 656. ISBN 954-9800-52-0.