Копач (село)
Копач или Копач Маала (грчки: Βέργη, до 1927 г. Κοπάτσι, Копаци[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Некои извори погрешно ги водат Македонците како Грци.
Копач Μανδράκι | |
---|---|
Координати: 40°57.14′N 23°23.54′E / 40.95233° СГШ; 23.39233° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Визалтија |
Општ. единица | Визалтија |
Надм. вис. | 55 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 549 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на западниот крај на Серското Поле, во подножјето на Богданска Планина. Лежи на левиот брег на реката Копач Дере.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и почетокот на XX век Копач било село во Серската каза.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Копач (Kopatch) имал 66 домаќинства со 160 Грци и 30 муслимани.[3]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Копач, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:
„ | Копач: мешано село; 1 црква, 1 џамја, христијаните се Грци, а муслиманите — Турци Коњари, на два часа од Нигрита.[4] | “ |
Во 1891 г. Георги Стрезов дава правилна слика за населението:
„ | Копач, село на 4 часа на ЈЗ од градот во подножјето на планината. Плодна почва за сè и од вкусни овошја излегуваат многи добри лубеници и дињи. Блиската суводолица која се спушта од планината прави доста пакости по нивите. Грчка црква; 70 куќи Македонци.[5][6] | “ |
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 620 жители, сите Македонци христијани.[7][8]
По погрешни податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Копач (Kopatch) живееле 400 „Грци“ и во селото работело грчко училиште со еден учител и 19 ученици.[9]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 394 жители, а во 1920 г. се накачило на 481 жител.[10] Во 1924 г. години во селото се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Копач е претставе како мешано село со 667 жители, од кои 47 лица (12 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[11]
Во 1927 г. Копач е преименуван во Верги по грчкиот изговор на античкиот град Берге согласно политиката на присвојување на древната историја на Македонија.
Во 1979-1982 г. е изградена црквата „Св. Илија“.[12]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Хаседеман | Χασεδεμάν | Дасотон | Δασωτόν[13] | |
Аљобаси[14] | Άλιόμπαση | Декакефалон | Δεκακέφαλον[13] | возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач[14] |
Телкиџик[14] | Τελκιτζίκι | Микри Алепу | Μικρή Άλεπού[13] | возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (352 м)[14] |
Кавак Дере[14] | Καβάκ Ντερέ | Левкокорифи | Λευκοκορφή[13] | возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (326 м)[14] |
Чалюр Јавре[14] | Τσαλιούρ Γιαβρέ | Ангати | Αγκάθι[13] | возвишение на Богданска Планина на ЈЗ од Копач (271 м)[14] |
Плаја[14] | Πλάϊα | Анавасис | Άνάβασις[13] | месност на Ј од Копач[14] |
Чамур Фјубра[14] | Τσαμούρ Φιουμπρά | Ласопотопос | Λασπότοπος[13] | возвишение на Богданска Планина на З од Копач (154 м)[14] |
Копач Дере[14] | Κοπάτσι | Скапани | Σκαπάνη[13] | поранешно село на Богданска Планина на ЈЗ од Копач[14] |
Кара Таш[14] | Καρά Τάς | Маври Петра | Μαύρη Πέτρα[13] | возвишение на ССЗ од Копач[14] |
Копач Дере[14] | Κοπατσινό | Скапанис Рема | Σκαπάνης Ρέμα[13] | река на С од Копач[14] |
Опшествени установи
уредиЛичности
уредиНаселение
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 886 | 976 | 1.168 | 1.203 | 1.155 | 1.025 | 967 | 699 | 549 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 844.
- ↑ БИМ
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 179. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 200–201.
- ↑ Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 236. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ „Ιερός Ναός Προφήτου Ηλιού“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 21 октомври 2019.
- ↑ 13,00 13,01 13,02 13,03 13,04 13,05 13,06 13,07 13,08 13,09 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1041. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 14,00 14,01 14,02 14,03 14,04 14,05 14,06 14,07 14,08 14,09 14,10 14,11 14,12 14,13 14,14 14,15 14,16 14,17 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 359. ISBN 954-9800-52-0.