Големан
Големан или Копач Дере или Копачдере (грчки: Κουπατσιανός, Купацијанос, т.е. Копачка) — река во Лагадинско и Серско, Егејска Македонија, десна притока на Струма.
Големан Κουπατσιανός | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Лагадинско и Серско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Богданска Планина |
• координати | 40°49′49″N 23°19′08″E / 40.8302° СГШ; 23.3188° ИГД |
Устие | |
• место | Струма кај Гудели |
• координати | 40°59′11″N 23°28′16″E / 40.9865° СГШ; 23.4710° ИГД |
Особености на сливот |
Опис
уредиРеката извира во Богданска Планина северно од врцит Чиплак (1.077 м) и тече на север. Во горниот дел го носи името Гурдере (Гур Лакос), а во средното Стимала. Под врвот Сапан Дермен свртува на исток и ја образува границата меѓу Богданска Планина на југ и Карадаг на север. Минува крај остатоците од истоименото село Копач Дере и излегува во Серското Поле кај селото Копач и се влева во Струма кај Гудели.[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- → Казан
- → Јарликија
- ← Хламур (Фламури)
- → Румли
- → Караџали
- → Анелико
- → Коздакуз
- → Махмутљу[1]