Сиво свраче
Возрасен мажјак
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Сврачиња
Род: Lanius
Вид: Сиво свраче
Научен назив
Lanius collurio
Linnaeus, 1758

Сивото свраче (научLanius collurio) е месојадна врапчевидна птица од семејството на сврачињата Laniidae. Таа е честа птица во Македонија.

Опис

уреди
Младо сиво свраче во Оревоец, Прилепско; Македонија
 
Мажјак сиво свраче во Врбен, Мавровско; Македонија

Сивото свраче е долго 16-18 см. Има изразен полов диморфизам. Мажјаците одозгора се црвеникави, одоздола слевтли со нијанса на розово, имаат сива капа, на опашката црно-бела шара и имаат карактеристична силно изразена црна линија преку окото. Женките и младенчињата одозгора се кафеавкави, а одоздола посветли со многу брановидни шарки.

Оваа птица е преселница на долги растојанија и се храни со големи инсекти, мали птици, жаби, глодачи и гуштери. Како и другите сврчаиња, таа лови од видно место за перчење и го закачува пленот на трн или на жица. Оваа навика ѝ го донела прекарот „касапска птица“.

Распространетост и живеалиште

уреди

Сивото свраче се размножува речиси низ цела Европа и западна Азија, а зимува во тропска Африка. Во Велика Британија, некогаш птицата била вообичаена и честа, но нејзиниот број нагло се намалил во текот на 20 век. Во 1988 било последното гнездење, а следната година немало ниту еден пар. Оттогаш се појавуваат по 1 или 2 пара, кои во 2011 имале 7 пилиња, а следната 2012 ниту едно.[2][3]

Размножување

уреди

Гнездото го прават на дрвја, во грмушки и ретко на земја. Тоа е силно, обично добро опфатено во крошната на дрвото. Најчесто несат 5-6 јајца, ретко 4 или 7. Ги инкубира само женката, а мажјакот ѝ носи храна. Тој агресивно се однесува кон грабливците за да го заштити гнездото, па дури може да нападне луѓе.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Lanius collurio. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. „Red-backed Shrike breeds on Dartmoor“. Birdwatch magazine. Архивирано од изворникот на 2012-06-05. Посетено на 2013-08-23. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help) Retrieved 30 December 2011
  3. „Red-backed Shrike“ (PDF). The Devon Birdwatching and Preservation Society. Retrieved 15 August 2013

Надворешни врски

уреди