Лу (држава)
Лу (??) — држава во стара Кина за време на Пролетно-есенскиот период. Основана е во X век п.н.е., и нејзините војводи се воделе под презимето Ѓи. Првиот војвода бил Ѓи Поќин, син на Ѓи Тан, тогашен премиер на Џоу. Престолнината била Ќуфу, а државата се протегала главно на централните и јузгозападните регоини на денешната провинција Шандунг. На север се граничела со моќната држава Ќи а на југ со исто така моќната држава Чу. Иако државата Чи била поразена во нејзините походи на Лу (Битка кај Чангшао) во 684 г. пр. н. е., за време на пролетно-есенскиот период државата Лу била во опаѓање. Нејзината политичка моќ подоцна била поделена помеѓу тројцата моќни земјопоседници Ѓисун, Менгсун и Шусун. Во 256 г. пр. н. е. државата Чу ја припојува кон себе државата Лу.
Лу 魯國
| |
---|---|
~ 1042–249 п.н.е. | |
Главен град | Ќуфу |
Вероисповед | кинеска народна вера, култ кон предците, таоизам |
Уредување | монархија |
Маркиз | |
Историја | |
• Основана | ~ 1042 |
• припоена од Чу | 249 п.н.е. |
Лу била татковина на филозофот Конфуциј. Тој го напишал делото „Пролетно-есенски летопис“ како историја на неговата држава. Во Лу било напишано и уште едно големо дело на кинеската историја, под наслов „Ѕуови коментари“, од авторот Ѕуо Џуан.