Кнежевство Фирстенберг
Фирстенберг (германски: Fürstenberg) — грофовија, а подоцна и кнежевство, на Светото Римско Царство во Швабија, денес во јужниот дел на Баден-Виртемберг, Германија. Со него владеела династијата Фирстенберг.
Грофовија Фирстенберг, Кнежевство Фирстенберг Grafschaft Fürstenberg, Fürstentum Fürstenberg
| |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1218–1408 | |||||||||||
Статус | вазален | ||||||||||
Главен град | Фирстенберг | ||||||||||
Говорени јазици | алемански | ||||||||||
Уредување | кнежевство | ||||||||||
Историски период | среден век ран нов век | ||||||||||
• гроф Егино IV Урах го наследил Церинген | 1218 | ||||||||||
1408 | |||||||||||
|
Историја
уредиГрофовијата се појавила кога Егино IV, гроф на Урах кога се оженил, при што наследил големи делови од Војводството Церинген по смртта на војводата Бертолд V во 1218 година, и првично била наречена Грофовија Фрајбург. Внукот на Егино, грофот Хајнрих започнал да се нарекува себеси по неговата резиденција, замокот Фирстенберг, околу 1250 година.
Грофовијата била поделена во 1284 година помеѓу себе и долната грофовија Дилинген и повторно во 1408 година помеѓу Фирстенберг-Фирстенберг и Фирстенберг-Волфах.
Во текот на вековите, различни грофови и кнезови ги прошириле своите територии кон Ландгрофовијата Бар, Господствата Гунделфинген, Хаузен, Хајлигенберг, Хевен и Мескирх и Ландгрофовијата Штилинген во Германија; како и имоти околу Кршивоклат (германски: Pürglitz), Бохемија, Тавиковице (германски: Taikowitz) во Моравија и Вајтра во Австрија.
Во 1667 година, Фирстенберг-Хајлигенберг била издигнато во кнежевство и добило глас во Рајхстагот. Во 1744 година, неколку територии на Фирстенберг биле повторно обединети како Кнежевство Фирстенберг-Фирстенберг, откако сите гранки освен една на династијата исчезнале.
Во 1806 година, Рајнскиот Сојуз го распуштил Фирстенберг. Поголемиот дел од територијата била дадена на Баден; помали делови биле доделени на Виртемберг, Хоенцолерн-Зигмаринген и Баварија.
Географија
уредиДо 1806 година, Фирстенберг имала површина од 20.000 км2 и население од 100.000 жители. Главен град бил Донауешинген.
До 1789 година, територијата се состоела од пет поголеми одвоени делови, како и на неколку помали ексклави. Петте поголеми делови биле:
- Околу Донауешинген, вклучувајќи ја Ландгрофовијата Бар и Господството Хевен, како и замокот Фирстенберг. Биле вклучени градовите Донауешинген, Хифинген, Енген, Нојштат. Се граничела со Австрија, Виртемберг, манастирот „Св. Власиј“ и други. Била дадена на Баден.
- Господство Хаузен. Биле вклучени градовите Хаузах, Волфах, Хаслах. Се граничела со: Епископија Штразбург, Виртемберг, Австрија, Хоенгеролдсек, Слободниот Град Цел, Царската Долина Хармерсбах. Било дадена на Баден.
- Ландгрофовија Штилинген. Биле вклучени градовите: Штилинген. Се граничела со: манастирот „Св. Власиј“, Швајцарија, Ландгрофовија Клетгау. Била дадена на Баден.
- Околу Мескирх. Биле вклучени градовите: Мескирх. Се граничела со: Хоенцолерн-Зигмаринген, Опатија Цвифалтен, Австрија, Опатија Бухау и други. Била дадена на Хоенцолерн-Зигмаринген.
- Грофовија Хајлигенберг. Се граничела со: Кенигсег, Опатија Вајнгартен, Австрија, Боденско Езеро, Епископија Костанц, Опатија Залмансвајлер, Слободниот Град Иберлинген, Слободниот Град Пфулендорф и други. Била дадена на Баден.
Помали ексклави ги вклучувале градовите Трохтелфинген и Хајинген.
Грофови на Фирстенберг (1250-1408)
уреди- Хајнрих I (1250–1284)
- Фридрих I (1284–1296)
- Хајнрих II (1296–1337)
- Конрад III (1337–1370) со...
- Хајнрих IV (1337–1366) со...
- Јохан II (1337–1365) со...
- Хајнрих VI (1365-1408)
Земји на Фирстенберг
уреди- Грофовија Фирстенберг (1250–1408)
- Грофовија Дилинген (1284–1386)
- Грофовија Фирстенберг-Фирстенберг (1408–1441, 1704–1716), Кнежевство Фирстенберг-Фирстенберг (1716–1804)
- Грофовија Фирстенберг-Гајзинген (1441–1483)
- Грофовија Фирстенберг-Бар (1441–1559)
- Грофовија Фирстенберг-Меринген (1599–1641)
- Грофовија Фирстенберг-Блумберг (1559–1614)
- Грофовија Фирстенберг-Мескирх (1614–1716), Кнежевство Фирстенберг-Мескирх (1716–1744)
- Грофовија Фирстенберг-Штилинген (1614–1704)
- Грофовија Фирстенберг-Вајтра (1705–1806)
- Грофовија Фирстенберг-Тајковиц (1759–1806)
- Грофовија Фирстенберг-Вајтра (1705–1806)
- Грофовија Фирстенберг-Хајлигенберг (1559–1664), Кнежевство Фирстенберг-Хајлигенберг (1664–1716)
- Грофовија Фирстенберг-Донауешинген (1617–1698)
- Кнежевство Фирстенберг-Пирглиц (1762–1806)
- Грофовија Фирстенберг-Волфах (1408–1490)
- Грофовија Фирстенберг-Фирстенберг (1408–1441, 1704–1716), Кнежевство Фирстенберг-Фирстенберг (1716–1804)
Надворешни врски
уреди- Каде биле териториите на Фирстенберг
- Köbler, Gerhard (2007). Historisches Lexikon der deutschen Länder (7.. изд.). Минхен. Статија за Фирстенберг.
- „Фирстенберг (англиски)“. Encyclopedia Americana. 1920.