Баден

историски регион во Германија

Баден (германски: Baden) — историска територија во јужна Германија и северна Швајцарија, од двете страни на Горна Рајна.

Големото Војводство Баден со маркгрофовијата (црвено) и териториите придобиени по 1803 г.
Замокот Хоенбаден над Баден-Баден.
Споменик на Карл Фридрих Баденски пред дворецот Карлсруе.

Историја

уреди

Маркгрофовите на Баден произлегле од династијата Церингени.[1] Баден е наречен по нивниот дом — замокот Хоенбаден во Баден-Баденaden. Првиот велможа со оваа титула бил Херман II кој станал маркгроф во 1112 г. Оттогаш, па сè со 1535 г. постоела обединетата Маркгрофовија Баден, која потоа е поделена на маркгрофовиите Бадеб-Дурлах и Баден-Баден. По катастрофалниот пожар во Баден-Баден од 1689 г. престолнината е преместена во Раштат.

Двата дела се обединиле во 1771 г. под водство на маркгрофот Карлд Фридрих Баденски. Во in 1803 г. обновената маркгрофовија со седиште во Карлсруе е унапредена во изборно кнежевство. Со територијалните придобивки во 1806 г. Изборното Кнежевство Баден станало Големо Војводство Баден.

Големото војводство било држава во склоп на Германскиот Сојуз до 1866 г. и потоа во склоп а Германското Царство сè до 1918 г. кога е наследено од Република Баден во рамките на Вајмарската Република и Третиот Рајх. Од 1945 до 1952 г. Јужен Баден бил окупиран од Франција, а Виртемберг-Баден од САД. Во 1952 г. се соединиле со Виртемберг-Хоенцолерн, образувајќи ја денешната сојузна покраина Баден-Виртемберг.

Географија

уреди

Баден е сместен во југозападна Германија, и највеќето поголеми градови лежат во Горнорајнската Низина. Се граничи со Боденското Езеро на југ, реката Рајна на југ и запад, протегајќи се од Линцгау, Лерах и Фрајбург до Карлсруе, потоа Манхајм, па до реките Мајна и Таубер.

На запад е историската област Алзас во Франција, на југ е Швајцарија, на северозапад е областа Пфалц, на север е Хесен, а на североисток се делови од Баварија. Источната граница ја дели со регионот Виртемберг, и истата се протега од Крајхгау низ Шварцвалд, а од некои делови на шумата до Рајна ширината се сведува на 18 км во тесниот дел наречен „Осин струк“ (Wespentaille) кај Гагенау.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Baden, historical state, Germany“. Encyclopedia Britannica. Архивирано од изворникот 2008-07-26. Посетено на 2018-05-09.

Надворешни врски

уреди