Клабучишта (Леринско)
- За селото во Албанија видете Клабучишта (Албанија).
Клабучишта (грчки: Πολυπλάτανο, Полиплатано; до 1926 г. Κλαμπούσιστα, Клабусиста или Κλαμπούτσιστα, Клабуциста[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин од истоимениот округ на Западна Македонија, Грција.
Клабучишта Πολυπλάτανο | |
---|---|
Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Клабучиште | |
Координати: 40°52.40′N 21°24.25′E / 40.87333° СГШ; 21.40417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Лерински |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Лерин |
Надм. вис. | 588 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 257 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 11 км северозападно од Лерин и на 4 км западно от Долно Клештино. Лежи во северозападниот крај на Леринското Поле близу границата со Р Македонија.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Клобучище како македонско село.[3][4] Во 1861 г. на етничката карта на долината на Вардар Јохан фон Хан го бележи Глабуштица (Glabuschtitza) како албанско село.[5] На почетокот на XX век Клабучишта било мешано македонско-арнаутско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители Македонци христијани и 100 жители Арнаути муслимани.[6][7] На почетокот на XX век сите христијански жители на Клабучишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клабучишта е претставено како мешано македонско-албанско-влашко село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 61 куќа.[8] Во селото правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клабучишта имало 400 Македонци под патријаршијата и во него работело грчко училиште.[9]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Клабучишта пред Балканските војни имало 50 куќи на Македонци христијани и 20 куќи на Арнаути муслимани.[10]
Во Грција
уредиСелото било окупирано од грчка војска и по Втората балканска војна во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 688 жители кои во 1920 г. биле 628 лица.[11] Во 1924 г. албанските жители на Клабучишта се иселени, и на нивно место е доведен 181 грчки дојденец од Кавказ. Во 1928 г. Клабичишта е претставено како мешано домородно-дојденско село со 29 дојденски семејства сочинети од 128 лица.[12] Во 1926 г. селото е преименувано во Полиплатано.[13]
Селото не настрадало позначајно во Граѓанската војна и само мел дел од неговите жители се преселиле во НР Македонија. По војната имало бран на иселување во прекуокеанските земји. Според Тодор Симовски соодносот помеѓу доморотното население и потомците на кавкаските бегалци изнесува 3:1, иако потоа намален заради иселување.[11]
Според истражување од 1993 г. селото е мешано „словенојазично-дојденско“, во кое „македонският јазик“ е одлично зачуван, а понтскиот грчки е слабо задржан.[14]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Кладенци[15] | Κλάδεντσι | Пигиес | Πηγές[16] | месност на СИ од Клабучишта[15] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 969 | 932 | 755 | 477 | 428 | 369 | 389 | 257 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Очеркъ путешествія по Европейской Турціи (съ картою окресностей охридскаго и преспанскаго озеръ) Виктора Григоровича (PDF) (Изданіе второе. изд.). Москва: Типографія М. Н. Лаврова и Ко. 1877. стр. 93.
- ↑ Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 236. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 17.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 166–167.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 20.
- ↑ 11,0 11,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 155–156. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
- ↑ 15,0 15,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 648. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 208): 1780. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
Надворешни врски
уреди- Клабучишта (Леринско) на Ризницата ?