Кирибатскиот, или гилбертски јазик (Kiribati, [kiri:ba:s]), е австронезиски јазик и службен јазик во островската република Кирибати. Јазикот е дел од подгрупата на микронезиски јазици и го зборуваат околу 100.000 луѓе. Карактеристично за јазикот е тоа што редоследот на реченицата е прирок-предмет-подмет.

Кирибатски јазик
Taetae ni kiribati
Застапен во Кирибати
 Фиџи
 Маршалски Острови
 Науру
 Соломони
 Тувалу
 Вануату
Говорници>71,500[1]  
Јазично семејство
Писмокирибатска азбука
Статус
Службен во Кирибати
Регулативен органСовет за кирибатски јазик
Јазични кодови
ISO 639-2gil
ISO 639-3gil

Зборот „Кирибати“ е локална верзија на името „Гилберт“, името кое го дале првите Европејци кои дошле на островите. „Гилберт“ е всушност презимето на капетанот Томас Гилберт, првиот Европеец кој ги посетил островите во 1788. Официјално јазикот се нарекува кирибатски јазик или te taetae ni Kiribati. Првиот целосен опис за јазикот бил во 1954 во Кирибатско-францускиот речник.

Демографија

уреди

Според Етнолог, кирибатскиот јазик го зборуваат над 71.500 жители, од кои 58.000 жители се во Кирибати или 97.2% од вкупното население на државата. Сепак податоците на Етнолог се од 1987 година па така денес бројката можеби е поголема. Останатите лица кои го зборуваат јазик живеат на островот Нуи во Тувалу, островот Раби и атолот Мили во Маршалските Острови и останати острови во Соломонските Острови, Вануату или Нов Зеланд. Целосната бројка поделена по држави изгледа вака:

  1. Кирибати, 58,300 (1987)[1]
  2. Фиџи, 5,300[1]
  3. Соломони, 4,870[1]
  4. Науру, 1,700
  5. Тувалу, 870[1]
  6. Вануату, 370

Дијалекти

уреди

Кирибатскиот јазик има две дијалектни групи: северни и јужни дијалекти. Северните дијалекти се протегаат од Бутаритари, јужно кон Ноноути и го опфаќаат главниот остров во државата - Тарава. Останатите острови се дел од јужните дијалекти, од Табитеуеја до Арорае.[1] Подетално, кирибатскиот јазик ги има следните дијалекти:

Главните разлики помеѓу овие дијалекти е во изговорот на зборовите, поточна на 't' пред 'u'. Во северните дијалекти, 't' се изговара како /s/ пред 'u', исто како што се изговара пред 'i'. Од другата страна пак, во јужните дијалекти, 't' се изговара како /t/ пред 'u', исто како пред сите останати самогласки освен 'i'. Покрај оваа фонолошка разлика, постојат и некои разлики во зборовниот фонд:[2]

северни дијалекти јужни дијалекти македонски
ngke ngkoe 'ти'
itua itiua 'седум'
wanua waniua 'осум'
na naba 'исто така'
kunuu kuniu 'моја кожа'

Островите Бутаритари и Макин имаат свои дијалекти, кои се разликуваат во изговорот и зборовите.[3]

кирибатски бутаритарско-макински македонски
antai nanta кој?
naaka taakam вие народот
nakomai kuriko/nakomaikoa дојди тука
teraa teikara што?
kawaetatako kuria waem побрзај
waekoa waetoka побрзо
tebaei telkaei ова нешто
naakai taakai овие луѓе
naakekei taakekea оние луѓе
eng aeng да
enga (e nga) anga (a nga) каде е?
neiko neingee госпоѓица
naewa nangee така-така
te atama te nono чакал
karea kabakabaka (kabakaa) фрла
te moimoto te ni пиење кокос
moi moimoto kaatoa пиј моимото
baabarantiko tokoro озборувa
wirebwerebwe wi n tokoro озборува
ngae buu задоволен
tekateka takataka седи

Друга карактеристична разлика меѓу кирибатските дијалекти и бутаритариско-макинскиот дијалект е изговорот на членот 'te'. Во бутаритарско-макинскиот дијалект членот 'te' се изговара како /ta/ пред именки кои започнуваат на 'ka' и 'nga'.[4]

кирибатски бутаритарско-макински македонски
te kai ta kai стапот
te nga ta nga фатомот
te ngabingabi ta ngabingabi вид престилка
te katam'a ta katam'a мачката

Писмо

уреди

Кирибатскиот јазик се пишува со азбука заснована на латиницата. Азбуката потекнува од 1840 година кога Хирман Бингам II ја создал за да ја преведе Библијата на кирибатски. Пред да се создаде оваа азбука, кирибатскиот не бил пишан јазик. Интересно за азбуката е тоа што буквата s не се користи, а за тој глас се користи диграфот ti.

При преводот на Библијата, преведувачот имал тешкотии да го преведе зборот „планина“ на кирибатски бидејќи луѓето не знаеле што е тоа. Наместо зборот „планина“ бил искористен зборот „рид“. Кирибатската азбука има 13 букви, но повеќе од 13 гласови.

Кирибатска азбука[2]
букви A B E I K M N NG O R T U W
МФА /ä/ /p/ /e/ /i/ /k/ /m/ /n/ /ŋ/ /o/ /ɾ/ /t/ /u/ /βˠ/

Фонологија

уреди

Кирибатскиот јазик располага со десет согласки и десет самогласки, од кои пет се кратки а пет долги самогласки.[3]

Согласки
Двоусни Апикални Меконепчани
чисти веларизирани
носни m n ŋ
експлозивни p t k
теснински βˠ
вевни ɾ
  1. /t/ се изговара како [s] пред /i/.
  2. Гласот /βˠ/ може да биде вевен или апроксимантен, во зависност од контекстот.[4]
  3. /ɾ/ не се појавува во слоговни групи[5]

Самогласки
Предни Задни
Затворени i u
Средни e o
Отворени a
  1. Кратки /i/ и /u/ може да станат полусамогласки кога се проследени од позвучни самогласки. /ie/[je] ('плови').[6] Кирибатскиот има исто така слоговни носовки, иако слоговните /n/ и /ŋ/ може да бидат проследени само од хомографни согласки.[4]

Должината на гласовите важи за самогласките и носовките, но не и за останатите гласови. Така на пример има ana (член за 3 л. ед.) наспроти aana ('тоа е на долната страна'), како и anna ('сува земја'). Покрај овие, во јазикот постојат и следните парови:[4]

кратки долги
te ben ('зрел кокос') te been ('пенкало')
ti (наставка за 1 лице) tii ('само')
on ('целосно') oon ('желки')
te atu ('сноп') te atuu ('глава')
tuanga ('да кажеш некому') tuangnga ('каже')

Граматика

уреди

Именки

уреди

Членови

уреди
te

Во кирибатскиот јазик, пред именките во единина секогаш се користи членот 'te', освен пред имиња, топоними или присвојни заменки. Членот 'te' искажува единина, не искажува определеност и нема свој еквивалент во македонскиот или англискиот јазик. Определеноста се искажува со показни заменки.[5]

пр: te auti - куќа, куќата; te mata - око, окото

Кога членот се користи пред течности или збирни именки, тогаш може да се преведе како „некое“, „неколку“.[6]

пр: te ang - ветер, некој ветер

Членот 'te' се користи пред придавки или глаголи за да направи од нив именки.[7]

пр: uraura (црвено) — te uraura (црвенило), mm'akuri (работи) — te mm'akuri (работа)

Во јазикот има мала група именки кои се исклучок од општото правило и за нив не се користи членот. Овие именки означуваат нешто што е уникатно, и тие се: taai (сонце), nam'akaina (месечина), karawa (рај, небо), marawa (море), aonnaba (земја), taari (море), moone (пекол). Во случај овие именки да имаат член, тогаш нивното значење е променето: te taai (лупа), te nam'akaina (месец), te taari (сол) или te marawa (океан [некој точно одреден]). Исто така страните од светот не се членуваат.[8]

taian

Членот 'taian' може да се смета како множинска форма на членот 'te'. Овој член може да се користи пред секоја бројлива именка за да се покаже дена има повеќе од едно нешто.[9]

пр: taiani boki - книги, книгите

Употребата на овој член е опционална, за разлика од членот 'te' кој треба да се користи. Множината на именката може да се одреди и со показни заменки или со преодни предмети.[10]

пр: booki akanne - оние книги, taiani booki akanne - оние книги

Некои именки во множина имаат подолги самогласки, но после членот 'taian' нема присуство на долги самогласки. На членот 'taian' се додава буквата 'i' пред именки кои почнуваат на глас кој фонетски не одговара со '-n'.[11]

te naa n

Фразата 'te naa n' не е член, но често се користи како замена за 'taian' пред именки во множина, во смисла „група“.[12]

пр: te naa ni kai - група дрва.
Членови за лица

Понекогаш во јазикот се користат членови пред имиња, што би било еднакво со „господин“ или „госпоѓа“. Ваквата употреба денес е помалку застапена, во однос на минатото. За именките во женски род се користи 'nei' (пр. Nei Ioanna, Г-ца Јована).За имињата од машки род се користат членовите 'te', 'tem', 'ten' или 'teng' во зависност од првата буква на името. Забележана е следната употреба:[13]

'te' пред i, u, w, b', ng
'ten' пред a, e, o, n, r, t
'tem' пред b, m
teng пред k, (ng)

За разлика од овие стандардни форми, во бутаритарско-макинскиот дијалект се користат 'na', 'nan', 'nam' и 'nang'.[14]

'na' пред a, e, i o, u, w, b'
'nan' пред t, r, n
'nam' пред b, m
nang пред k, ng

Заменки

уреди

Показни заменки

уреди

Во кирибатскиот јазик има три вида на показни заменки, за разлика од македонскиот и англискиот кои имаат по два вида. Во јазикот постојат показни заменки да се одреди далечината на еден предмет во однос на некој друг и трите вида се: показни заменки за предмети кои се блиску до мене, показни заменки за предмети кои се блиску до тебе и показни заменки за предмети кои се далеку од нас. Најчесто се користат првиот и третиот вид.[15]

еднина
aei - ова (блиску мене)
aanne - она (блиску тебе)
aarei - она (далеку од нас)

множина
aikai - овие (блиску мене)
akanne - оние (блиску тебе)
akekei - оние (далеку од нас)

Показните заменки се користат по именката. Покрај местоположбата, показните заменки може да означат и временска дистанца, или да се означи нешто што се случило непосредно пред моментот на зборување.[16]

Пр:
  • Te boki aei. (Оваа книга)
  • Te bong aei. (Овој ден.)
  • E matenten te boki aanne. (Онаа книга е дебела.)

Покрај горе споменатите показни заменки, во кирибатскиот јазик има и показни заменки кои се користат само за лица. Во јазикот има показни заменки за лица за машки и женски род во еднина, но општи/ машки показни заменки за множина, односно општи заменки кои може да се користат за луѓе, мажи и жени во множина.[17]

еднина, м.р.
teuaaei- овој маж (блиску мене)
teuaanne - оној маж (блиску тебе)
teuaarei- оној маж (далеку од нас)

еднина, м.р.
neiei- оваа жена (блиску мене)
neienne- онаа жена (блиску тебе)
neierei- онаа жена (далеку од нас)

множина
naakai- овие луѓе (блиску мене)
naakanne- оние луѓе (блиску тебе)
naakekei- оние луѓе (далеку од нас)

множина
uaakai- овие мажи (блиску мене)
uaakanne- оние мажи (блиску тебе)
uaakekei- оние мажи (далеку од нас)

Овие показни заменки се користат исто како именките.[18]

пр. E roko teuaarei. (Оној маж дојде.)

Во кирибатскиот јазик опстојуваат и паралелни показни заменки, често именувани како „неутрални показни заменки“.[19]

еднина
baei - ова нешто (блиску мене)
baanne - она нешто (блиску тебе)
baarei - она нешто (далеку од нас)

множина
baikai - овие нешта (блиску мене)
bakanne - оние нешта (блиску тебе)
bakekei - оние нешта (далеку од нас)

Овие заменки се користат како именките. По желба може да се користи членот за еднина, но не се користат со овие заменки членот за множина и присвојните заменки.[20]

пр. I noorii baikai. (Јас ги гледам овие нешта.)

Во случаи кога треба да се користи присвојната заменка, тогаш може да се користат формите на нормалните показни заменки.[21]

пр. I noori ana b'ai aikai. (Јас ги гледам овие негови нешта.)

Предлози

уреди

Во кирибатскиот јазик има неколку основни предлози и нивната употреба е ограничена. Основните предлози се:[22]

'i' - се користи за место, „на“
'irou' - „од“, „од страна на“
'mai' - „од“
'man' - „од“
'n(i)' - „на“, „во“, „со“
'nako' - „до“, „на“

Примери

уреди
  • Здрави - Mauri
  • Здраво (ед.) - Ko na mauri
  • Здраво (мн.) - Kam na mauri
  • Како си? - Ko uara?
  • Како сте? - Kam uara?
  • Ти благодарам - Ko rabwa
  • Ви влагодарам - Kam rabwa
  • Догледање - Ti a bo (ќе се сретнеме)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Кирибатски јазик, Ethnologue.
  2. Te taetae ni Kiribati - Kiribati Language Lessons - 10
  3. Blevins (1999:205–206)
  4. 4,0 4,1 4,2 Blevins (1999:206)
  5. Blevins (1999:207)
  6. Blevins (1999:209)

Користена литература

уреди
  • Blevins, Juliette; Harrison, Sheldon P. (1999), „Trimoraic Feet in Gilbertese“, Oceanic Linguistics, 38(2): 203–230, doi:10.1353/ol.1999.0012
  • Cowell, Reid (1951), The Structure of Gilbertese, Rongorongo
  • ^ Кирибатски јазик: гараматика и фрази. Лекции за учење на кирибатскиот јазик, Peace Corps Kiribati, на англиски

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди