Бутаритари
Бутаритари (кирибатски: Butaritari), претходно познат како Макин, Пит, Таритари или Тачинг, е атол во Кирибати. Атолот е дел од островската група Гилбертски Острови.
Географија
уредиБутаритари се наоѓа југоисточно од Макин. Бутаритари бил наречен Макински Атол од Американската Армија, додека Макин бил познат како Макин Меанг или Мал Макин. Бутаритари има површина од 13.6 км2 и население од 4.200 жители според податоците од 2002 година. Просечната ширина и должина на островот е 30, односно 15 километри. Поголем дел од гребенот од кој е составен атолот е под вода и поделен е на неколку канали. Во близина на атолот има неколку многу мали островчиња. Лагуната на атолот е многу отворена и истата е длабока. Бикати и Бикатиета се помалите острови кои се наоѓаат во северозападниот дел од атолот, додека поголемиот е Бикати. Главното село на атолот е Бутарутари и има население од 2000 жители.
Населени места
уредиБутаритари е дом на следните населени места: Бутаритари, Кеуеа, Танимајаки, Кума и Текабетете.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Бутаритари на Ризницата
- Exhibit: The Alfred Agate Collection: The United States Exploring Expedition, 1838-1842 Архивирано на 14 јануари 2012 г.
- „Во Јужните Мориња“, Роберт Луис Стивенсон
- Информации за Кирибати Архивирано на 27 декември 2008 г.
3°10′04″N 172°49′33″E / 3.16778° СГШ; 172.82583° ИГД