Кирибатска азбука
Кирибатската азбука е официјалното писмо со кое се пишува јазикот. Азбуката е заснована на латиницата. Карактеристично за оваа азбука, но и за останатите азбуки во Океанија, е што има многу мал број букви - само 13 букви.
Азбуката потекнува од 1840 година кога Хирман Бингам II ја создал за да ја преведе Библијата на кирибатски. Пред да се создаде оваа азбука, кирибатскиот не бил пишан јазик. Интересно за азбуката е тоа што буквата s не се користи, а за тој глас се користи диграфот ti.
Азбука
уредибукви | A | B | E | I | K | M | N | NG | O | R | T | U | W |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
МФА | /ä/ | /p/ | /e/ | /i/ | /k/ | /m/ | /n/ | /ŋ/ | /o/ | /ɾ/ | /t/ | /u/ | /βˠ/ |
Гласови
уредиСамогласки
уредиВо кирибатскиот има кратки и долги самогласки. Кратки се пишуваат со по една буква, долгите со по две.[1]
буква | МФА | македонски еквивалент |
---|---|---|
a | /a/ | авион |
aa | /aː/ | таа |
e | /e/ | кратко е, слично како во ќе |
ee | /eː/ | сее |
i | /i/ | игла |
ii | /iː/ | акции |
o | /o/ | овес |
oo | /oː/ | координација |
u | /u/ | уста |
uu | /uː/ | долго у, нема во македонскиот |
Согласки
уредиСогласките, од практични причини, ќе се поделат на два дела: носовки и согласки.
- Носовки
Како и самогласките, така и носовките имаат долга и кратка форма. Најчесто кратката форма се пишува со една, а долгата со две букви. Гласовите m и mm имаат и уште по една форма, проследена со апостроф (грлен глас).
буква | МФА | македонски еквивалент |
---|---|---|
m | /m/ | ммајка |
mm | /m:/ | нема во македонскиот јазик, подолг изговор на гласот „м“[2] |
m' | нема во македонскиот, гласот /m:/ е проследен од краток глас кој ја задебелува согласката. Овој глас се користи пред 'a', никогаш пред 'o' или 'u'.[3][2] | |
mm' | нема во македонскиот, гласот /m:/ е проследен од краток глас кој ја задебелува согласката. Овој глас се користи пред 'a', никогаш пред 'o' или 'u'.[4] | |
n | /n/ | ново |
nn | /nː/ | нема во македонскиот јазик, подолг изговор на гласот „н“[5] |
ng | /ŋ/ | банка |
ngg | /ŋː/ | нема во македонскиот јазик, подолг изговор на гласот „нг“[6] |
- Останати согласки
буква | МФА | македонски еквивалент |
---|---|---|
b | /b/, /p/ | бајка, пее (гласов е мек и е изговор меѓу „п“ и „б“)[7] |
b' | нема во македонскиот, гласот /b/ е проследен од краток глас кој ја задебелува согласката. Овој глас се користи пред 'a', никогаш пред 'o' или 'u'.[8] | |
t | /t/, /s/ | татко, стрико (како „с“ се изговара пред „i“)[9] |
k | /k/, /g/ | како (мека к, нешто меѓу „к“ и „г“)[10] |
r | /ɾ/ | рака (гласот е пократок и има еден допир со непцето) [11] |
w | /βˠ/, /v. | нема во македонскиот јазик, нешто меѓу w и v. Пред „е“ се изговара како „в“.[12] |
Апострофот понекогаш се пишува и како w. Во речниците најчесто нема бележење на апостроф. Важно е да се напомене дека ниту еден систем кој го користи/ користел јазикот не ја претставува фонологијата. Поголемиот број гласови не се изговараат исто како останатите светски јазици, но сепак се пробува да се дојде до најсоодветниот еквивалент.
Наводи
уредиЛитература
уреди- ^ Кирибатски јазик: гараматика и фрази. Лекции за учење на кирибатскиот јазик, Peace Corps Kiribati, на англиски
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Правопис на кирибатскиот јазик, Peace Corps Kiribati
- Кирибатска азбука на Omniglot.
- Кирибатско-англиски речник со краток вовед за правописот и фонологијата