Ноноути (кирибатски: Nonouti) е атол во Кирибатите, кој воедно е еден од окрузите на државата. Атолот е дел од островската група Гилбертови Острови и се наоѓа 38 километри северно од Табитеуеја и 250 километри јужно од Тарава. Источниот дел од атолот е составен од стабилно земјиште. Во северниот дел од атолот има мало островче кое се вика Ноуматонг. Ноуматонг е ненаселено и е зачувано како птичјо прибежиште. Атолот е трет по големина во Гилбертовите Острови. Атолот е долг 35 километри и широк 15 километри.

Nonouti Atoll
Карта на Гилбертовите Острови.

Владините локални претставници се сместени во селото Матанг. Една од позначајните личности од островот е поранешниот претседател на Кирибати, Јеремија Табај. На атолот има основни училишта, едно средно училипте и приватен колеџ. Името на атолот значи „разбуди се рано за по риболов“.

Наводи

уреди

0°37′S 174°22′E / 0.617° ЈГШ; 174.367° ИГД / -0.617; 174.367

Поврзано

уреди