Килунгсборн
Килунгсборн (германски: Kühlungsborn) — град и приморско одморалиште во округот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море, 11 километри северозападно од` Бад Доберан и 25 километри северозападно од Росток.
Килунгсборн | |
Градби на самата плажа изградени во бањска архитектура | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Росток |
Градоначалник | Рајнер Карл (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 16,16 км2 |
Надм. височина | 10 м |
Население | 8.037 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 497 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | LRO |
Пошт. бр. | 18225 |
Повик. бр. | 038293 |
Портал | www.stadt-kuehlungsborn.de |
Местоположба на градот Килунгсборн во рамките на округот Росток | |
Координати | 54°08′N 11°45′E / 54.133° СГШ; 11.750° ИГД |
Градот има широка плажа и шеталиште, многу хотели во карактеристична германска бањска архитектура и марина. Претставува најголем приморски бањски град во Мекленбург.
Килунгсборн е место со долга бањска традиција. Било едно од првите приморски одморалишта основано во Германија, потекнувајќи од 1860-тите. Иако велосипедот е омилен начин за превоз, парната железница „Моли“ — историска туристичка знаменитост — исто така овозможува разгледување на околината. Во летниот период, многу луѓе изнајмуваат една од традиционалните корпи на плажа (Strandkorb), покриено столче заштитено од ветерот и сонцето.
Историја
уредиГрадот бил основан на 1 април 1938 со спојување на три општини — Фулген, Брунсхауптен и Арендзе. На градскиот грб се наоѓаат три летачки морски галеба на сина позадина, кои ги претставуваат овие поранешни општини.
На крајот на Втората светска војна во 1945, многу бегалци привремено или за постојано се населиле во Килунгсборн. Во 1953, источногерманската влада делумно ги експроприрала и произволно ги национализирала хотелите и гостилниците во градот во текот на т.н. „Акција Роза“. Над 50 од овие објекти биле претворени во одморалишта и бањи за одмор на источногерманските граѓани, кои биле раководена од трговското здружение. Ако поранешните сопственици пружале отпор, често биле обвинувани и затворани. Многу од нив биле присилени на егзил во Западна Германија.
При летните одмори во Источна Германија во јули и август, Килунгсборн бил исполнет со луѓе. Цената во сместувачките капацитети била многу ниска, вообичаено 60-100 источногермански марки за 14-дневен полн пансион. Три децении се правеле годишни летни фестивали, вообичаено во првата недела на јули.
Од 1958 до 1990 дел од источногерманската морнарица била сместена во Килунгсборн.
Од средината на 1990-тите Килунгсборн повторно станал омилено одредиште за одмор.
Килунгсборн нема високи градби, бидејќи постои правило кое вели дека ниедна куќа не треба да биде повисока од највисоките дрвја. По повторното обединување на Германија, историскиот центар на Килунгсборн бил обновен и многу историски градби биле конзервирани. Меѓутоа, во 1994, 26 историски градби во бањска архитектура, биле срушени како дел од оваа обнова. Покрај обновата на старите хотели и гостилниците, во градот се изградиле и многу нови објекти.
За самитот на Г8 во Хајлигендам во 2007, центарот за печатот бил сместен во Источен Килунгсборн. Околу 5.390 новинари од 78 земји биле акредитирани и главно останале во Килунгсборн.
Знаменитости
уреди- Парна железница „Моли“ (Bäderbahn Molli) — локална линија на парна теснолиниска железница. Линијата која води од Бад Доберан до Хајлигендам (тогаш наречен Фирстенбад) била отворена во 1886, а нејзиното продолжување до Брунсхауптен и Арендзе било завршено во 1910, обновата на внатрешноста на вагоните била извршена во времето на ГДР.
- Килунг — густо пошумен предел со добар поглед јужно од Килунгсборн, бил создаден во текот на леденото добар како морена.
- Црква Св. Јован во Килунгсборн-Ост. Оваа раноготска црква потекнува од XIII век и распетие од крајот на XV век.
- Крајбрежна патека Килунгсборн. Новата крајбрежна патека, долга 240 метри, била изградена во 1991 во Килунгсборн-Ост. Двете првични дрвени крајбрежни патеки во Килунгсборн-Ост и Вест биле срушени од ледници во зимите 1929 и 1941/42 и биле само делумно обновени. Во Источна Германија патеките биле скратени. По Втората светска војна постоеле бродски линии неколку години, но биле укинати по изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961, бидејќи лесно можело да се побегне во Западна Германија.
- Стражарница Балтичко Море близу крајбрежната патека. Една од последните зачувани источногермански гранични кули, сведок на поделбата на Германија.
- Шеталиштето на плажата, завршено во 2007. Се протега од Килунгсборн-Вест до пристаништето во должина од 3.200 метри и нуди отворен поглед на Балтикот. Песочната плажа е долга 100 метри.
- Шеталиштето на пристаништето, долго 360 метри, води од старото сидро на Штрандрезиденц (Strandresidenz) до портите за заштита од поплави на Дајхшарт (Deichschart). Сидрото е едно од најголемите од таков вид.
- Споменик на жртвите од фашизмот во Килунгсборн-Ост, направен во 1972 од уметникот Рената Аренс.
- „Конрад Ото“, брод за спасување на германската поморска служба, се наоѓа во пристаништето.
Збратимени градови
уредиГалерија
уреди-
Шеталиштето на плажата од горе
-
Возот „Моли“
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Килунгсборн“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница (германски) (англиски)