Кесова Гора ( руски: Кесова Гора) е населено место со административен статус на мало гратче ( руски: посёлок городского типа) во европскиот дел на Руската Федерација и административниот центар на Кесовогорскиот реон сместен на крајниот исток на Тверската област .

Поглед на централниот дел на гратчето

Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2013 година живееле 3 797 жители.

Најважната знаменитост во градот е Православната црква Свети Никола од 1800 година.

Географија

уреди

Гратчето се наоѓа на крајниот исток од Тверската област, на бреговите на реката Кашинка (лева притока на реката Волга ), околу 32 километри северно од градот Кашин, 50 километри југоисточно од градот Бежецк и околу 180 километри источно од административниот центар на областа, градот Твер.

Гратчето лежи на местото каде огромната Горноволшка низина поминува во малку побрановито моренско поридје на Бежецки врв.

Низ гратчето поминува патот Кашин - Кесова Гора - Бежецк.

Историја

уреди
 
Градски грб

Првото писмено значење на населбата наречена Киасова Гора потекнува од летописот од 1238 година. Самото потекло на името на населбата не е точно познато, но се претпоставува дека името потекнува од угрофинскиот збор за глинен терен. До средината на XIX век, со населбата управувало семејството Прозоровски како наследна сопственост. На почетокот, тоа било во границите на државата Новгород, а подоцна станал дел од Руската Империја, со статус на парохиски центар во Кашинскиот округ.

Во текот на XVIII и XIX век, Кесова Гора била важен трговски центар каде што се одржувале трговски саеми 4 пати годишно. Според податоците од 1783 година селото имало 770 жители и 330 згради. Во 1859 година во составот на селото се вклучуваат и блиските имоти Красни, Зајачи и Грачи со 1 272 жители во 214 домаќинства.

Во 1929 година станува административен центар на новооснованиот регион Кесовогорски реон во Московската област (од 1935 година Калининска област ). Сегашниот административен статус го има од 1975 година.

Демографија

уреди

Според податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 3 877 жители, додека според проценките за 2013 година таму живееле 3 797 жители.

Движење на бројот на жителите
1897 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2014 година
--- --- --- --- 4 208 4 076 3 877 3 797

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Надворешни врски

уреди