Керемидли
Керемидли или Кереметли (грчки: Κεραμωτή, Керамоти) — гратче во Саришабанско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 1.438 жители (2011).
Керемидли Κεραμωτή | |
---|---|
Кејот во Керемидли | |
Координати: 40°51.21′N 24°42.21′E / 40.85350° СГШ; 24.70350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавалски |
Општина | Места |
Општ. единица | Керемидли |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.438 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиГратчето е сместено брегот на Тракиското Море (северниот Егеј) во рамничарски предел, јужно од градот Саришабан.[2] Целото подрачје е полуостров настанат од наносите на реката Места која се влева во морето недалеку од гратчето. Керемидли е најблиското населено место на копното до островот Тасос и располага со пристаниште од кое редовно сообраќа траект до островот.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиКеремидли во минатото не било ненаселено, туку имало складови за стоки кои се превезувале на Тасос и други острови. Подоцна станало чифлигарска населба и рибарско селце.
Во Грција
уредиПри припојувањето кон Грција согласно Букурешкиот договор во 1913 г. селото е заведено како напуштено, а во 1920 г. имало само 10 жители.[2] По сила на Лозанскиот договор во 1923 г. овде се доселени грчки колонисти од Ексастеро кај Лулебургаз, Источна Тракија. Во 1928 г. селото било наполно дојденско, со 207 жители од 29 семејства.[3] Во прво време селото било доста неразвиено, бидејќи во него владеела маларијата. Состојбата се сменила, кога Каремидли почнало да се развива во 1970-тите благодарение на плажите и пристаништето, па со време станало гратче.[4]
Во 1940 г. селото имало 586 жители. За време на Втората светска војна местото е окупирано од Бугарија, чија управа се повлекла по војната.
Во 2009 г. пристаништето на Керемидли опслужило вкупно 1,4 милиони патници.[5]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 586 | 627 | 681 | 691 | 890 | 965 | 1.228 | 1.438 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението традиционално се занимавало со земјоделство, риболов, занаетчиство и ситна трговија. Денес најголема улога игра туризмот.[2] Има неколку хотелчиња и мноштво приватни сместувалишта.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 245–246.
- ↑ „Κατάλογος των οσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονία ς σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Κεραμωτή - Ιστορία“. kavalanet.gr. Архивирано од изворникот на 2008-06-10. Посетено на 8 февруари 2017.
- ↑ „Λιμάνι Κεραμωτής - Επιβάτες & Οχήματα“ (PDF). Οργανισμός Λιμένα Καβάλας. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-21. Посетено на 8 февруари 2017.
Надворешни врски
уреди- Керемидли на Ризницата ?
- Керемидли на порталот „Посетете ја Кавала“ (грчки)