Кавалски Залив

залив во Егејска Македонија

Кавалски Залив (грчки: Κόλπος της Καβάλας) — залив на Егејското Море во источна Егејска Македонија. Раздвоен е од т.н. Тракиско Море со островот Тасос. На неговиот брег излегуваат традиционалните краишта Правишко, Кавалско и Саришабанско.

Кавалски Залив
Κόλπος της Καβάλας
Карта
ПодрачјеПравишко, Кавалско и Саришабанско, Егејска Македонија
Координати40°53′N 24°28′E / 40.89° СГШ; 24.46° ИГД / 40.89; 24.46
Видзалив
Дел одЕгејско Море
Сливни земјиГрција
Најг. должина12 км
Најг. ширина28 км
Прос. длабочина32 м
Најг. длабочина60 м

Географија

уреди

Заливот се протега од ’ртот Врасида на југозапад до ’ртот Керемидли на југоисток. Широк е 28 км и навлегува 12 км во правец на копното.[1] Има полукружен облик со благи подводни косини кои стануваат пострмни близу брегот. Просечната длабочина изнесува 32 м, а најголемата е 60 м во подрачјето западно од Тасос. Од тој остров одвоен е со Тасоскиот Проток, широк 13,5 км).[2]

Стопанска улога и екологија

уреди

Градот Кавала е сместен приближно во средината на заливскиот брег. Западно од него се туристичките населби како Кале Чифлик и Нова Ираклица, а на исток има индустриски капацитети и земјоделски површини. Во источниот дел од заливот има и низа лагуни.[2] Загадувањето доаѓа од градскиот отпад на Кавала и други крејбрежни места, од земјоделството, од фабриката за фосфатни ѓубрива и од вадењето нафта.[3]

Наводи

уреди
  1. Σταματελάτος, Μιχαήλ; Βάμβα-Σταματελάτου, Φωτεινή (2006). Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδας. Αθήνα: Ερμής. стр. 278. ISBN 9603201332.
  2. 2,0 2,1 Sylaios, Georgios; Stamatis, Nikolaos; Kallianiotis, Argyris; Vidoris, Pavlos (2005). „Monitoring Water Quality and Assessment of Land-Based Nutrient Loadings and Cycling in Kavala Gulf“. Water Resources Management (англиски). 19 (6): 713–735. doi:10.1007/s11269-005-3020-y. ISSN 0920-4741.
  3. Stamatis, Nikolaos; Kamidis, Nikolaos; Sylaios, Georgios (10 јули 2006). „Sediment and Suspended Matter Lead Contamination in the Gulf of Kavala, Greece“. Environmental Monitoring and Assessment (англиски). 115 (1–3): 433–449. doi:10.1007/s10661-006-7238-9. ISSN 0167-6369.

Надворешни врски

уреди