Кеплер-6
Кеплер-6 — жолт џин сместен во соѕвездието Лебед. Ѕвездата се наоѓа во видното поле на мисијата Кеплер, која го забележала и е дел од мисијата на НАСА за откривање на земјовидни планети. Ѕвездата, која е малку поголема, и пометалична, малку поладна и помасивна од Сонцето, во орбитата има најмалку една вонсончева планета, планета налик на Јупитер именувана како Кеплер-6b која е во блиска орбита на ѕвездата.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 47м [1] | 20,9379с
Деклинација | +48° 14′ [1] | 23,760″
Прив. величина (V) | 13.8 |
Особености | |
Привидна ѕвездена величина (J) | 12,001 ± 0,021[2] |
Привидна величина (H) | 11,706 ± 0,019[2] |
Привидна величина (K) | 11,634 ± 0,019[2] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 0,961 ± 0,025[1] млс/г Дек.: 8,429 ± 0,026[1] млс/г |
Паралакса (π) | 1.6747 ± 0.0145[1] млс |
Оддалеченост | 1.950 ± 20 сг (597 ± 5 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,209 M☉ |
Полупречник | 1,391 R☉ |
Температура | 5.647 K |
Старост | 3,8 Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Номенклатура и историја
уредиКеплер-6 е именуван според мисијата Кеплер, проект на НАСА лансиран во 2009 година кој цели на откривање на земјовидни планети кои минуваат, пред нивната ѕвезда гледано од Земјата.[3] За разлика од ѕвездите како Сонцето или Сириус, Кеплер-6 нема вообичаено име. Откривањето на Кеплер-6b беше објавено на 4 јануари 2010 година[4] при состанокот на Американското астрономско друштво заедно со забележаните планети околу Кеплер-4, Кеплер-5, Кеплер-7 и Кепелр-8.[5] Станува збор за третата планета откриена од страна на вселенското летало Кеплер, односно е дел од првите три планетии потврдени од податоците добиени од самата мисија. Овие три планети биле искористени за тестирање на прецизноста на Кеплеровите мерења.[6]
Забележувањето на Кеплер-6 било потврдено со дополнителни набљудувања користејќи ги телескопите Хоби-Еберли и Смит во Тексас; телескопот Кек 1 на Хаваи; телескопите Хејли и Шејн во јужна Калифорнија; телескопите WIYN, MMT и Тилингаст во Аризона; и Северниот оптички телескоп на Канарските Острови.[7]
Особености
уредиКепелр-6 е ѕвезда која е приближно 1,209 Msun, или 5/4 од масата на Сонцето. Исто така е поширока од Сонцето, со полупречник од 1,391 Rsun, или 7/5 од оној на Сонцето. Ѕвездата е приближно со старост од 3,8 милијарди години, и има делотворна температура од 5.647 K.[8] За споредба, Сонцето има малку повисока температура од 5.778 K.[9] Кеплер-6 има металичност од [Fe/H] = +0.34, што го прави 2,2 пати пометалична од Сонцето.[6] Во просек, ѕвездите богати со метали тежнеат да имаат планети и планетарни системи.[10]
Ѕвездата, гледана од Земјата, има привидна величина од 13,8.[6] не може да се забележи со човековото око. За споредба, привидната величина на Плутон при најголема сјајност е за малку посјајна, при 13,65.[11]
Планетарен систем
уредиКеплер-6 има една потврдена вонсончева планета, станува збор за гасовит џин наречен Кеплер-6b.[6] Планетата е приближно со маса од 0,669 MJ, или 2/3 од масата на Јупитер. Исто така е малку подифузна од Јупитер, полупречник од 1,323 RJ. Кеплер-6b орбитира на просечно растојание од 0,0456 ае од матичната ѕвезда, и за период од 3,234 денови прави една орбита. Занесувањето на орбитата на планетата сезема да биде 0, што пак значи дека орбитата е кружна.[8]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | 0,669 MJ | 0,04567 | 3,2347 | 0 | — | 1,323 RJ |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 catalog entry
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Skrutskie, M. F.; и др. (2006). „The Two Micron All Sky Survey (2MASS)“. The Astronomical Journal. 131 (2): 1163–1183. Bibcode:2006AJ....131.1163S. doi:10.1086/498708.Vizier catalog entry
- ↑ „Kepler: About the Mission“. Kepler Mission. NASA. 2011. Архивирано од изворникот на 2012-05-08. Посетено на 19 February 2011.
- ↑ Alexander J. Willman Jr. (5 January 2010). „Kepler 6 Planetary System“. Princeton University. Посетено на 19 February 2011.
- ↑ Rich Talcott (5 January 2010). „215th AAS meeting update: Kepler discoveries the talk of the town“. Astronomy.com. Astronomy (magazine) magazine. Посетено на 19 February 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 „Summary Table of Kepler Discoveries“. NASA. 2010-08-27. Архивирано од изворникот на 2017-04-01. Посетено на 2010-10-16.
- ↑ „NASA's Kepler Space Telescope Discovers its FIrst Five Exoplanets“. NASA. 4 January 2010. Архивирано од изворникот на 2012-04-04. Посетено на 26 February 2011.
- ↑ 8,0 8,1 „Notes for star Kepler-6“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. 2010. Архивирано од изворникот на 21 January 2011. Посетено на 19 February 2011.
- ↑ Fraser Cain (September 15, 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. Посетено на 19 February 2011.
- ↑ Charles H. Lineweaver (2001). „An Estimate of the Age Distribution of Terrestrial Planets in the Universe: Quantifying Metallicity as a Selection Effect“. Icarus. 151 (2): 307–313. arXiv:astro-ph/0012399. Bibcode:2001Icar..151..307L. doi:10.1006/icar.2001.6607.
- ↑ „Pluto Fact Sheet“. Goddard Space Flight Center. NASA. 17 November 2010. Посетено на 24 February 2011.
Координати: 19ч 47м 20,9с, + 48° 14′ 23,8″