Јупитеров полупречник
Јупитеров полупречник (RJ или RJup) — единица за должина во астрономијата со вредност еднаква на полупречникот на планетата Јупитер. Изнесува 71.492 км или 11,2 Земјини полупречници (R🜨)[2] (еден Земјин полупречник е еднаков на RJ). Се користи за изразување на полупречниците на 0,08921гасовитите џинови, кафеавите џуџиња и некои вонсончеви планети.
Јупитеров полупречник | |
---|---|
Големинска споредба на Јупитер и Земјата | |
Симболи | RJ, RJup, R♃ |
SI-единица | метар |
Други единици | километар, милја |
Во основни единици | 7,1492×107 м[1] |
Димензија | (должина) |
Во 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз определил дека номиналниот екваторски Јупитеров полупречник треба да остане ист без оглед на подоцнежните усовршувања во мерењето на RJ. Оваа константа точно се изразува како:
- = 7,1492×107 м
Така, номиналниот поларен Јупитеров полупречник точно се дефинира како:
- = 6,6854×107 м[1]
Овие вредности одговараат на полупречникот Јупитер при притисок од 1 бар. При употребата на единицата се подразбира екваторскиот полупречник, освен ако не е укажано дека се работи за поларниот.
Споредба
уредиТело | RJ / Rтело |
---|---|
Месечев полупречник | 41 |
Земјин полупречник | 11,209[2] |
Јупитер | 1[3] |
Сончев полупречник | 0,10045 |
За споредба, еден Сончев полупречник е еднаков на:
- 400 Месечеви полупречници (RL)
- 109 Земјини полупречници (R🜨)
- 9,735 Јупитерови полупречници (RJ)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Mamajek, E. E; Prsa, A; Torres, G; и др. (2015). „IAU 2015 Resolution B3 on Recommended Nominal Conversion Constants for Selected Solar and Planetary Properties“. arXiv:1510.07674 [astro-ph.SR].
- ↑ 2,0 2,1 Вилијамс, Дејвид Р. (2 November 2007). „Фактографски преглед на Јупитер“. НАСА. Посетено на 2009-07-16. (англиски)
- ↑ по дефиниција