Катакал (грчки: Κατάκαλη, Катакали) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Дескати на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 176 жители (2011).

Катакал
Κατάκαλη
Катакал is located in Грција
Катакал
Катакал
Местоположба во областа
Катакал во рамките на Дескати (општина)
Катакал
Местоположба на Катакал во Општина Дескати и областа Западна Македонија
Координати: 39°54′N 21°42′E / 39.900° СГШ; 21.700° ИГД / 39.900; 21.700
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребенски
ОпштинаДескати
Општ. единицаХасија
Надм. вис.&10000000000000520000000520 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно176
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено околу 30 км југоисточно од градот Гребен, на надморска височина од 520 м.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Катакал било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Катакал живееле 129 Грци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Катакал се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 19 куќи.[4]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Катакал живееле 104 Грци христијани.[5]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 248 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 208.[2]

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и краварството.[2]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 267 269 351 344 270 219 220 176
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 20 квадратни километри.[2] Општината Катакал била приклучена во општината Хасија во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Дескати.

Селото припаѓа на општинската единица Хасија со седиште во селото Дименица, која припаѓа на поголемата општина Дескати, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Катакал, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Параклиси

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 117.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.46“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-08-13.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 72.
  5. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.