Каспер Руд

норвешки тенисер

Каспер Руд (роден на 22 декември 1998 г.) — норвешки професионален тенисер.

Каспер Руд
Земја Норвешка
Место на живеењеОсло, Норвешка
Роден на22 декември 1998(1998-12-22)(26 г.)
Роден воОсло, Норвешка
Спорт Тенис
Висина1.83 м
Професионалец2015
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Кристијан Руд
Јоаким Бјерке
Заработка$ 8,126,900 [1]
Веб-сајтcasper-ruud.com
Поединечно
Победи-порази163–86
Титули9
Највисок пласманБр. 2 (12 септември 2022)
Сегашен пласманБр. 2 (12 септември 2022)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен4К (2021)
Ролан ГаросФ (2022)
Вимблдон2К (2022)
УС ОпенФ (2022)
Други турнири
Мастерс купПФ (2021)
Во двојки
Победи-порази16–27
Титули0
Највисок пласманБр. 133 (12 јули 2021)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен2К (2021)
Ролан Гарос2К (2019)
ВимблдонЧФ (2021)
УС Опен3К (2019)
Ажурирано на: 12 септември 2022.

Негово највисоко место според рангирањето на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) е 2. место кое го достигнал во септември 2022 година, што го прави највисоко рангираниот норвешки тенисер во историјата. Руд освоил девет АТП титули во поединечна конкуренција, од кои осум на земјена подлога. Руд е првиот норвежанец кој освоил АТП титула, играл гренд слем финале, играл АТП Мастерс 1000 финале и бил рангиран во најдобрите 10 според АТП рангирањето. Во 2022 година, Руд двапати играл гренд слем финале, и тоа на Отвореното првенство на Франција 2022, каде што бил поразен од Рафаел Надал и на Отвореното првенство на САД 2022, каде што загубил од Карлос Алкараз.

Кариера

уреди

Јуниорски тенис

уреди

Руд стигнал до третото коло на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на Франција 2015, каде што бил поразен од Корентин Деноли. Тој исто така стигнал до третото коло на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД 2015 и до второто коло на Вимблдон 2015. Тоа биле негови најдобри резултати на јуниорските гренд слем турнири во поединечна конкуренција.

Во јуниорска конкуренција во двојки, тој и неговиот партнер Миомир Кецмановиќ стигнале до полуфиналето на Вимблдон 2015, каде загубиле од Лу Хоанг Нам и Сумит Нагал, кои подоцна ја освоиле јуниорската титула. Во 2016 година, Руд и Кецмановиќ стигнале до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2016, во кое биле поразени од Јусеф Хосам и Јурабек Каримов.

2016: Светски јуниор Бр.1 и АТП деби

уреди

Руд ја започнал годината како светски јуниор бр.1 на 4 јануари, правејќи го првиот норвежанец кој го постигнал тоа.[2]

За сезоната 2016, Руд започнал да играл фјучерс турнири и да се искачува на АТП рангирањето. Во февруари, тој се пласирал во своето прво ИТФ фјучерс финале, во кое забележал победа над Карлос Табернер во Пагера, Шпанија.

Следно тој одиграл уште четири ИТФ финалиња, и успеал да ја освои титулата на турнирот во Карина, Финска, во август.[3]

Во септември, на својот прв АТП Челенџер турнир, Руд успеал да ја освои титулата во Севиља, победувајќи го Таро Даниел во финалето.[4] Освојувајќи титула на својот деби настап, Руд станал четвртиот најмлад тенисер во историјата на кого тоа му успеало.[5] На турнирот, тој за прв пат остварил победи над играчи рангирани во најдобрите 150 на АТП рангирањето. Тој го победил Ињиго Сервантес во четвртфиналето, кој во тоа време бил рангиран како 75. играч во светот. Со победата на Челинџер турнирот во Севиља, Руд добил вајлд-карта за настап во главниот жреб на Отвореното првенство на Ченгду, што бил негов прв турнир од АТП 250 серијата. Таму, Руд загубил од Виктор Троицки во првото коло.

Руд ја завршил 2016 година како светски бр. 225 на АТП рангирањето.[6]

2017: АТП 500 полуфинале

уреди

Одличните резултати во претходната сезона и напредокот на АТП рангирањето му овозможиле на Руд да игра во квалификациите за Отвореното првенство на Австралија, каде што тој бил запрен во третото квалификациско коло од Рајли Опелка. Во февруари, Руд добил вајлд карта за настап во главниот жреб на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро, турнир од АТП 500 серијата, каде тој остварил победи над Рожерио Дутра Силва, Роберто Карбаљес Баена и Тијаго Монтеиро за пласман во своето прво АТП полуфинале. Тој станал најмладиот полуфиналист на АТП 500 турнир, по Борна Ќориќ во 2014 година. Руд во полуфиналето бил поразен од Пабло Карењо Буста, но по турнирот напредувал до 133. место на АТП рангирањето. Руд добил валјд карта за мастерсот во Мајами, што било негово прво учество на АТП Мастерс 1000 турнир.

На сезоната на земјена подлога, Руд преку квалификации успеал да се пласира во главниот жреб на Отвореното првенство на Барселона, каде што бил поразен во второто коло од Алберт Рамос Вињолас, откако претходно забележал победа над Раду Албот во првото коло. Тој не успеал да се квалификува во главниот жреб на Отвореното првенство на Франција, доживувајќи пораз во второто квалификациско коло.

Во август, Руд стигнал до четвртфиналето на челинџер турнирот во Санто Доминго, каде бил поразен од победникот на турнирот, Виктор Естреља Бургос. Тој не успеал да се квалификува во главниот жреб на Отвореното првенство на САД, доживувајќи пораз од Симоне Болели во второто квалификациско коло. Руд ја завршил 2017 година како светски бр. 139 на АТП рангирањето.

2018: Прв настап на гренд слем

уреди

Во 2018 година, преку квалификации, Руд се квалификувал за својот прв гренд слем на Отвореното првенство на Австралија. Тој станал првиот норвежанец по 17 години кој успеал да се најде во главен жреб на гренд слем турнир.[7] Во првото коло тој го победил Квентин Алис, но потоа во второто коло бил поразен од Диего Швартцман во три сета. Руд не обезбедил пласман преку квалификации во главен жреб на мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, и бил повторно поразен од Швартцман на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро.

Подоцна во сезоната тој покажал добра форма во континуитет и играл две АТП Челинџер финалиња во две недели. Во првото, тој бил поразен од Џанлујџи Квинци во Франкавила ал Маре, а додека пак во второто бил поразен од Педро Соуса во Брага две недели подоцна. Руд ја продолжил добрата форма, квалификувајќи се за прв пат во главниот жреб на Отвореното првенство на Франција преку квалификации, без загубен сет. Во првото коло тој го победил Џордан Томпсон[8], но во второто коло бил поразен од Алберт Рамос Вињолас. Во јули, тој ја остварил најголемата победа во кариерата до тој момент, победувајќи го бранителот на титулата и поранешен светски бр. 3, Давид Ферер, на Отвореното првенство на Шведска.

Подоцна во годината, преку квалификации без загубен сет, Руд за прв пат се квалификувал за Отвореното првенство на САД. Сепак, во првото коло тој бил поразен од Гвидо Пеља. Тој ја завршил сезоната со три полуфиналиња едноподруго на челинџер турнири во Северна Америка, на 112. место на АТП рангирањето.

2019: Влез во најдобрите 100

уреди
 
Руд на Отвореното првенство на Франција 2019

На почетокот на 2009 година, Руд загубил во првото квалификациско коло на Отвореното првенство на Австралија, но веќе во февруари тој ја подигнал својата форма и успеал да се квалификува за во главниот жреб на Отвореното првенство на Рио де Жанеиро, каде стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Ласло Ѓере, откако претходно забележал победи над Карлос Берлок и петтиот носител Жоао Соуса. Една недела подоцна, тој стигнал до полуфиналето на Отвореното првенство на Бразил, каде што бил поразен од Кристијан Гарин. Со овие резултати, Руд за прв пат во кариерата влегол во најдобрите 100 на АТП рангирањето, и тоа на 94. место, станувајќи првиот норвежанец на кого тоа му успеало, по неговиот татко, Кристијан Руд, во декември 1994 година.[9]

Во април, на АТП турнирот во Хјустон, на земјена подлога, Руд стигнал до своето прво АТП финале во кариерата, во кое повторно бил поразен од Кристијан Гарин. Со пласманот во финалето тој станал втор норвежанец во историјата кој играл АТП финале, по неговиот татко Кристијан Руд.

На Отвореното првенство на Италија во Рим, Руд ја остварил својата прва победа на АТП Мастерс 1000 турнир. Тој успешно ги поминал квалификациите и во главниот жреб забележал победи над Даниел Еванс[9] и Ник Кирјос, но во третото коло бил запрен од Хуан Мартин дел Потро. На Отвореното првенство на Франција, Руд ги победил Ернест Гулбис и Матео Беретини во три сета, но во третото коло бил поразен од Роџер Федерер во три сета.

Во јули, на својот прв настап на Вимблдон во главен жреб, Руд загубил од деветтиот носител Џон Изнер во првото коло. Еден месец подоцна, на Отвореното првенство на Кицбиел, Руд забележал победи над Пабло Карењо Буста, Матијас Бахингер и Пабло Куевас, за пласман во полуфиналето, во кое бил поразен од Алберт Рамос Вињолас. На Отвореното првенство на САД, Руд бил поразен уште во првото коло од Јан-Ленард Штруф, но во игра на двојки, тој и Миомир Кецманоциќ стигнале до третото коло, претходно победувајќи ги третите носители Равен Класен и Мајкл Венус во второто коло.

На Отвореното првенство на Санкт Петербург, Руд стигнал до четвртфиналето во кое загубил од Борна Ќориќ. На крајот на октомври, тој преку квалификации успеал да се квалификува за главниот жреб на мастерсот во Париз, но во првото коло бил поразен од Адријан Манарино. Последен турнир за Руд во сезоната бил АТП Финалето на новата генерација, каде што тој бил елиминиран во групната фаза, забележувајќи победа над Алехандро Давидович Фокина и порази од Миомир Кецмановиќ и Алекс де Минаур.

2020: Прва АТП титула

уреди

Руд ја започнал сезоната на АТП Купот каде што ја предводел Норвешка во победата од 2–1 над тимот на САД во првиот натпревар од групната фаза, победувајќи го Џон Изнер во три тесни сета, а потоа во двојки, тој и Виктор Дурасовиќ забележале победа над Остин Крајчек и Раџив Рам. Во дуелот против Италија, Руд го победил Фабио Фоњини во два сета.

Руд загубил уште во првото коло на Отвореното првенство на Австралија од Егор Герасимов во натпревар во пет сета, но на следниот турнир, на Отвореното првенство на Аргентина, успеал да ја освои својата прва АТП титула во кариерата, запишувајќи се во историјата како прв норвежанец кој освоил АТП титула.[10] Истовремено, тој го надминал најдобриот АТП пласман на неговиот татко, бр. 39, кој до тој момент бил најдобропласиран норвешки тенисер во историјата, заземувајќи го 34. место на АТП рангирањето на 17 февруари 2020 година.[11]

Две недели по освојувањето на својата прва АТП титула, Руд повторно играл финале, на Отвореното првенство на Чиле, но овој пат бил поразен во три сета од Тијаго Сејбот Вилд.

На Отвореното првенство на САД, Руд забележал победи над Макензи Мекдоналд и Емил Русувори редоследно, но во третото коло бил поразен од Матео Беретини.[12][13]

На Отвореното првенство на Италија, Руд стигнал до полуфиналето, победувајќи ги Карен Хачанов, Лоренцо Сонего и Марин Чилиќ редоследно, а потоа во четвртфиналето забележал победа над Матео Беретини. Во полуфиналето Руд бил поразен од Новак Ѓоковиќ.[14] Следната недела, на Отвореното првенство на Германија, тој повторно играл полуфинале, но овој пат бил поразен од Андреј Рубљов. На Отвореното првенство на Франција, одржано во септември поради пандемијата од КОВИД-19, Руд загубил во третото коло од Доминик Тим.

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 14 (9–5)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–2)
АТП Мастерс финале (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–1)
АТП 500 серија (0–0)
АТП 250 серија (9–2)
Финалиња по подлога
Тврда (1–2)
Земја (8–3)
Трева (0–0)
Исход Бр. Датум Турнир Ниво Подлога Противник Резултат
Пораз 0–1 14 април 2019 Тениско првенство на САД на земјена подлога, САД АТП 250 серија Земја   Кристијан Гарин 6–7(4–7), 6–4, 3–6
Победа 1–1 16 февруари 2020 Отворено првенство на Аргентина, Аргентина АТП 250 серија Земја   Педро Соуса 6–1, 6–4
Пораз 1–2 1 март 2020 Отворено првенство на Чиле, Чиле АТП 250 серија Земја   Тијаго Сејбот Вилд 5–7, 6–4, 3–6
Победа 2–2 22 мај 2021 Отворено првенство на Женева, Швајцарија АТП 250 серија Земја   Денис Шаповалов 7–6(8–6), 6–4
Победа 3–2 18 јули 2021 Отворено првенство на Шведска, Шведска АТП 250 серија Земја   Федерико Корија 6–3, 6–3
Победа 4–2 25 јули 2021 Отворено првенство на Швајцарија, Швајцарија АТП 250 серија Земја   Уго Гастон 6–3, 6–2
Победа 5–2 31 јули 2021 Отворено првенство на Кицбиел, Австрија АТП 250 серија Земја   Педро Мартинес 6–1, 4–6, 6–3
Победа 6–2 4 октомври 2021 Отворено првенство на Сан Диего, САД АТП 250 серија Тврда   Камерон Нори 6–0, 6–2
Победа 7–2 13 февруари 2022 Отворено првенство на Аргентина, Аргентина (2) АТП 250 серија Земја   Диего Швартцман 5–7, 6–2, 6–3
Пораз 7–3 3 април 2022 Мајами Мастерс, САД АТП Мастерс 1000 Тврда   Карлос Алкараз 5–7, 4–6
Победа 8–3 21 мај 2022 Отворено првенство на Женева, Швајцарија (2) АТП 250 серија Земја   Жоао Соуса 7–6(7–3), 4–6, 7–6(7–1)
Пораз 8–4 5 јуни 2022 Отворено првенство на Франција, Франција Гренд слем Земја   Рафаел Надал 3–6, 3–6, 0–6
Победа 9–4 24 јули 2022 Отворено првенство на Швајцарија, Швајцарија (2) АТП 250 серија Земја   Матео Беретини 4–6, 7–6(7–4), 6–2
Пораз 9–5 11 септември 2022 Отворено првенство на САД, САД Гренд слем Тврда   Карлос Алкараз 4–6, 6–2, 6–7(1–7), 3–6

Наводи

уреди
  1. „ATP Prize Money Leaders“ (PDF). Protennislive.com.
  2. „ITF Tennis - JUNIORS - Player Profile - RUUD, Casper (NOR)“. Архивирано од изворникот на 2018-09-17. Посетено на 2016-02-16.
  3. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-06-25. Посетено на 2016-09-09.
  4. „Seville | Results“. ATP Tour.
  5. „Ruud Chengdu 2016“. ATP Tour.
  6. „Casper Ruud | Rankings History | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Посетено на 29 June 2022.
  7. „Overkommelig motstand for Ruud i første runde av Australian Open“. Nrk.no. 14 January 2018.
  8. „Norwegian advanced in the French Open“. Newsinenglish.no.
  9. 9,0 9,1 „Resurfaced: Like Father, Like Son: Casper Ruud Makes His Mark“. ATP Tour. Посетено на 29 June 2022.
  10. „First-Time Winner Spotlight: Casper Ruud“. ATP Tour.
  11. „Casper Ruud Makes Norwegian FedEx ATP Rankings History, Mover of Week“. ATP Tour.
  12. „Over 1 Million in prize money for Ruud, hunting another 800,000 at the US Open“. Norway Today (англиски). 5 September 2020. Архивирано од изворникот на 2020-09-29. Посетено на 18 September 2020.
  13. „Matteo Berrettini blows past Casper Ruud in Round 3 of the 2020 US Open“. US Open Org (англиски). Посетено на 18 September 2020.
  14. „Ruud Outlasts Berrettini To Reach Maiden Masters 1000 Semi-final“. ATP Tour (англиски). Посетено на 20 September 2020.

Надворешни врски

уреди