Борна Ќориќ

Хрватски тенисер

Борна Ќориќ (роден на 14 ноември 1996 г.) е хрватски професионален тенисер.[1] Негово највисоко место на АТП листата е 12. место кое го постигнал на 5 ноември 2018 година. Ќориќ моментално е најмладиот играч во најдобрите 14 на АТП листата.

Борна Ќориќ
Ќориќ во ноември 2014
Земја Хрватска
Место на живеењеЗагреб, Хрватска
Роден на14 ноември 1996(1996-11-14)(28 г.)
Роден воЗагреб , Хрватска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001880000001,88 м
Професионалец2013
Игра со• десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и)Жељко Крајан (2014–2015)
Томас Јохансон (2015–сè уште)
Заработка$ 5,311,859
Поединечно
Победи-порази118–106
Титули0
Највисок пласманБр. 12 (5 ноември 2018)
Сегашен пласманБр. 12 (5 ноември 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен1К (2015)
Ролан Гарос3К (2015)
Вимблдон2К (2015)
УС Опен2К (2014)
Во двојки
Победи-порази4-12
Титули0
Највисок пласманБр. 413 (7 ноември 2016)
Сегашен пласманБр. 771 (5 ноември 2018)
Ажурирано на: 5 ноември 2018.

Јуниор

уреди

Во септември 2013, Ќориќ победил на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, забележувајќи победа над Танасиј Кокинакис во три сета. Со овој резултат, тој се искачил на 1. место на светската јуниорска ранг листа.[2][3] Тој исто така освоил 5 фјучерс турнири.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

  Отворено првенство на Австралија: Полуфинале (2013)
  Отворено првенство на Франција: Полуфинале (2013)
  Вимблдон: Четвртфинале (2013)
  Отворено првенство на САД: Победник (2013)

Професионална кариера

уреди

Во 2013, Ќориќ бил избран во хрватскиот Дејвис куп тим за плеј-оф натпреварот за влез во Светската лига против Обединетото Кралство. Тој му се спротивставил на светскиот бр. 3, Енди Мари но загубил во три сета.

Во април, Ќориќ го победил 21. играч во светот Јежи Јанович на првиот ден од Дејвис куп двобојот меѓу Хрватска и Полска. Во мај, тој стигнал до полуфинале на челинџер турнир во Кина, со што го подобрил својот ранг.

Во јули, во првото коло на Отвореното првенство на Хрватска каде играл со вајлд-карта, Ќориќ постигнал нова значајна победа, победувајќи го седмиот носител, светскиот бр. 46 Едуард Роже-Васлен во два сета. Тој го победил квалификанатот Орасио Зебаљос во второто коло и за првпат се пласирал во АТП четвртфинале. Таму, тој се соочил со вториот носител Фабио Фоњини и загубил во три сета. По овој одличен резултат, Ќориќ за првпат влегол во најдобрите 200 на АТП листата, на 194. место.

Во август, Ќориќ се квалификувал за главниот ждреб на Отвореното првенство на САД и за првпат во кариерата бил дел од главен ждреб на Гренд слем турнир. Тој во првото коло го изненадил 29. носител Лукаш Росол во три сета, но во второто коло загубил од Виктор Естреља Бургос.

На 21 септември, Ќориќ ја освоил својата прва АТП челинџер титула на турнирот во Измир, победуваји го во три сета 94. играч во светот, Малек Џазири, со што на возраст од 17 години и 10 месеци за првпат влегол во најдобрите 150 на АТП листата, на 140. место.

Тој добил вајлд-карта за турнирот во Базел, и во првото коло забележал победа над светскиот бр. 13, Ернест Гулбис во два сета. Во второто коло тој бил подобар од Андреј Голубев, а потоа во четвртфиналето ја забележал најголемата победа во неговата кариера, победувајќи го светскиот бр. 3, Рафаел Надал. Со пласманот во полуфиналето, Ќориќ за првпат влегол во најдобрите 100 на АТП листата (на 93. место), и станал најмладиот играч кој го сторил тоа по Надал во 2003 година.[4] Во полуфиналето, тој загубил од Давид Гофан во три сета.

Во ноември, Ќориќ ја добил наградата АТП најдобар нов играч.[5]

 
Ќориќ на Отвореното првенство на Франција 2015

Ќориќ ја започнал сезоната на турнирот во Ченај, победувајќи го Робин Хасе пред да загуби од подоцнежниот победник Станислас Вавринка. На Отвореното првенство на Австралија, за првпат директно во главен ждреб, тој загубил во првото коло од Жереми Шарди во четири сета.

Во февруари, по поразите од Сергеј Стаховски и Жил Симон во првото коло во Загреб и второто коло во Марсеј редоследно, Ќориќ стигнал до своето второ АТП 500 полуфинале во кариерата на турнирот во Дубаи, победувајќи го светскиот бр. 3, Енди Мари во два сета во четвртфиналето. Тој заиграл во главниот ждреб на турнирот како среќен губитник, откако претходно загубил во последното квалификациско коло.[6] Во полуфиналето, тој бил поразен од светскиот бр. 2, Роџер Федерер, во два сета.

На Мастерсот во Индијан Велс, Ќориќ успешно ги минал квалификациите, но загубил во второто коло од Бернард Томиќ, откако во првото коло бил подобар од Андреас Хајдер-Маурер. До своето второ полуфинале во годината, Ќориќ стигнал на турнирот во Ница. Во полуфиналето тој загубил од Леонардо Мајер.

Ќориќ за првпат заиграл на Отвореното првенство на Франција, и во првото коло бил подобар од Сем Квери во четири сета. Во второто коло, тој направил изненадување, победувајќи го светскиот. бр. 19, специјалистот за земјена подлога, Томи Робредо во пет сета. Во третото коло тој бил поразен од Џек Сок. На Вимблдон, Ќориќ во првото коло во пет сета забележал победа над Сергеј Стаховски, но во второто коло во пет сета загубил од Андреас Сепи.

Тој го повторил резултатот од минатата сезона на Отвореното првенство на Хрватска во Умаг, повторно стигнувајќи до четвртфиналето, во кое овојпат бил поразен од Роберто Баутиста Ахут.

На Отвореното првенство на САД, тој бил поразен во првото коло од осмиот носител, Рафаел Надал во четири сета. Веднаш потоа, тој ја освоил втората челинџер титула во кариерата, во Баранкиља, Колумбија, победувајќи го Рожериу Дутра Силва во финалето.

Победи над Топ 10 играчи

уреди
Сезона 2014 2015
Победи 1 1
# Играч Ранг Турнир Подлога Рунда Резултат
2014
1.   Рафаел Надал 3 Базел, Швајцарија Тврда Четвртфинале 6–2, 7–6(7–4)
2015
2.   Енди Мари 3 Дубаи, Обединети Арапски Емирати Тврда Четвртфинале 6–1, 6–3

Јуниорски Гренд слем финалиња

уреди

Поединечно: 1 (1–0)

уреди
Исход Година Гренд слем Подлога Противник Резултат
Победник 2013 Отворено првенство на САД Тврда   Танасиј Кокинакис 3–6, 6–3, 6–1

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. „ATP Profile“. atpworldtour.com. Посетено на 3 November 2014.
  2. „Coric and Konjuh secure US Open titles“. ITF Tennis. September 8, 2013. Архивирано од изворникот на 2016-04-03. Посетено на 2015-09-14.
  3. „Hrvati poharali US Open! Konjuh i Ćorić pobjednici juniorskih turnira!“ (хрватски). Index. September 8, 2013.
  4. Herman, Martyn (1 November 2014). „Teenager Coric is a man on a mission“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2015-08-16. Посетено на 3 November 2014.
  5. „Federer wins sportsmanship award“. ESPN. Associated Press. November 5, 2014. Посетено на November 5, 2014.
  6. „Nerveless Coric Takes Out Murray In Dubai“. ATP. 26 February 2015. Посетено на 26 February 2015.

Надворешни врски

уреди
Награди
Претходник
  Јиржи Весели
АТП најдобар нов играч
2014
Наследник
Актуелен