Карло II (надвојвода на Австрија)
Карло II (германски: Karl II Franz von Innerösterreich, роден на 3 јуни 1540 во Виена - починал на 10 јули 1590 во Грац) — владетел од Хабсбуршката династија како војвода од Штаерска, војвода од Корушка и војвода од Крањска во периодот од 25 јули 1564 до 10 јули 1590 година.
Карло II | |
---|---|
Надвојвода на Австрија | |
На престол | 25 јули 1564 – 10 јули 1590 |
Претходник | Фердинанд I |
Наследник | Фердинанд II |
Роден(а) | 3 јуни 1540 Виена, Австрија |
Починал(а) | 10 јули 1590 Грац, Австрија | (возр. 50)
Сопружник | Марија Ана Баварска |
Деца |
|
Династија | Хабсбуршка династија |
Татко | Фердинанд I |
Мајка | Ана Јагелонска |
Рани години
уредиКарло потекнувал од Хабсбуршката династија и бил третиот син на римско-германскиот крал и цар Фердинанд I (1503 - 1564) и неговата сопруга Ана Јагелонска (1503 - 1547), која починала кога тој имал шест години.
Карло патувал како млад низ Светото Римско Царство, Италија и Шпанија. Неговиот татко ги поделил хабсбуршките територии на неговите синови. Најголемиот брат Максимилијан II ја добил само круната на Бохемија и Унгарија и војводствата во Долна Австрија, Фердинанд II ја добил Горна Австрија (со Тирол), додека најмалиот Карло, 12-то дете од 15-те деца ги добил Војводство Штаерска, Војводство Корушка, Војводство Крањска и Горица. Сите синови станале војводи на сите наследни територии на својот татко.
Во 1559 година и повторно од 1564-1568 имало преговори за брак меѓу Карло и Елизабета I, кралица на Англија, но кралицата Елизабета одлучила дека нема да се ожени со престолонаследникот бидејќи религијата претставувала главна пречка[1]. Во 1563 година, Карло исто така бил кандидат на Марија Стјуарт, Кралица на Шкотите.
Управување
уредиНа 24 години, во 1564 година непосредно пред смртта на неговиот татко Фердинанд, Карло заминал кон наследените територии и започнал да владее.
За разлика од својот брат, царот Максимилијан II, Карло II бил религиозен католик и ја промовирал Контра-реформацијата. Како католик, тој ги повикал Исусовците во земјата[2]. Сепак, во 1572 година, тој морал да направи значителни верски отстапки во неговите територии. Во пракса, ова резултирало со толеранција кон протестантството.
Поради турските војни тој ја основал во 1579 година тврдината Карловац, според кој е наречен и денешниот град во Хрватска. Во Грац, Карло основал универзитет кој го добил името Карл-Франценс.
Карло е познат по тоа што помагал на науката и уметноста, особено на композиторот Орландо ди Ласо.
Семејство
уредиКарло се оженил на 26 август 1571 година за својата баварска внука принцеза Марија Ана Баварска (1551 - 1608), ќерка на војводата Албрехт V од Баварија и Ана Австриска, втората ќерка на царот Фердинанд I. Двајцата имале 15 деца:
- Фердинанд
- Ана
- Марија Христина
- Катарина Рената
- Елизабета
- Фердинанд II
- Карло (1579 - 1580)
- Грегор Максимилијан
- Елеонора
- Максимилијан Ернест
- Маргарета
- Леополд V Фердинанд
- Констанца Австриска (1588 - 1631)
- Марија Магдалена
- Карл Јозеф
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Doran, Susan (1996). Monarchy and Matrimony: The Courtships of Elizabeth I. Routledge.
Карло II (надвојвода на Австрија) Роден(а): 3 јуни 1540 Починал(а): 10 јули 1590
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Фердинанд I |
Надвојвода на Австрија 1564–1590 |
Наследник Фердинанд II |