Карло Нерво (роден во Басано дел Грапа, на 29 октомври 1971) — италијански политичар и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Карло Нерво
Carlo Nervo
Лични податоци
Роден на 29 октомври 1971(1971-10-29)(52 г.)
Роден во Басано дел Грапа, Италија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција среден ред
Младинска кариера
Басано Виртус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Басано Виртус 31 (5)
1989-1990 Монца 0 (0)
1990-1991 Басано Виртус 29 (3)
1991-1992 Читадела 31 (3)
1992-1994 Мантова 62 (8)
1994-2005 Болоња 311 (34)
2005-2006 Катанѕаро 18 (0)
2006-2007 Болоња 26 (2)
2008 Виргиљо ? (?)
Репрезентација
2002-2004 Италија 6 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кариера уреди

Фудбалер уреди

По потекло од Солања, Нерво почнал да игра фудбал во Г.С.Р. Солања каде по две години се преселил во Басано, каде тој го направил своето деби меѓу професионалците во 1988 со Басано Виртус. По првите неколку сезони во неговата професионална кариера со Басано, Монца (без ниту еден настап), и Читадела, во 1992 потпишал за Мантова, останувајќи таму за две години.

Во 1994 Нерво бил купен од страна на Болоња, тимот за кој играше постојано за 11 сезони (од 1994- 95 до 2004 - 05), години во кои ја докажал својата вредност како многу квалитетен разигрувач на топката, со фантастичен нос за гол, до повикот во италијанската репрезентација. По краток период во текот на сезоната 2005-06, кога тој играл за Катанѕаро, играчот се вратил да ја заврши својата професионална играчка кариера во Болоња. Тој се обиде да му помогне на клубот во кој помина најголем дел од својата кариера да се врати во Серија А, но во сезоната 2006-07 Болоња завршила на 7. место во Серија Б и останал без промоција. Нерво ја завршил сезоната со 2 гола во 26 настапи, а потоа во јуни 2007, одлучил да се пензионира. Тој е трет со играч по бројот на официјални натпревари (417) во дресот на Болоња , а пред него се само Џакомо Булгарели и Тацио Реверси.[1].

Титули уреди

  Болоња уреди

Политичар уреди

На 7 јуни 2009 бил избран за градоначалник на Солања (VI), неговата родна земја.[2].

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. BolognaFc.it (уред.). рособлу за сите времиња“. Посетено на 22-01-2012. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. Il Giornale di Vicenza.it, уред. (9-07-2009). „Lavorerò con tutti per il bene del paese“. Архивирано од изворникот на 2014-03-27. Посетено на 13-11-2010. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)