Као какао (музички албум)

музички албум
(Пренасочено од Као какао)

Као какао (српски: Како какао) е деветтиот студиски албум на македонската рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во 1987 година од издаваката куќа „Југотон“ од Загреб.

„Као какао“
Студиски албум од Леб и Сол
Издаден30 март 1987
Снимен1986–1987
ЖанрЏез, рок
Траење38:46
Издавачка куќаЈуготон
ПродуцентВлатко Стефановски
Бодан Арсовски
Леб и Сол — Хронологија
Звучни зид
(1986)
Као какао
(1987)
Путујемо
(1989)

Заднина

уреди

Во текот на 1986 година, Влатко Стефановски и Бодан Арсовски ја компонираа музиката за ТВ емисијата Бушава азбука. Паралелно со нив со песни настапи и членот на Бастион, Ана Костовска. Во групата се приклучија Гоце Мицанов и уште еден член на Бастион, Кирил Џајковски. Тапанарот Гарабет Тавитијан се врати во група по 6 години.[1][2]

На крајот на 1987 година, списанието „Покрет“ опишува дека Влатко повторно е мамурлен од тоа да ја држи ноќта будна, додавајќи дека неговиот свет е како какао и дека единствената оаза е Скопје. Во следниов текст се наведува дека се сретнал со фаталната жена која редовно ја носел на натпреварите на ФК Вардар.[3]

Список на песни

уреди

Албумот содржи девет песни:[1]

Бр. Наслов Траење
1. „Мамурни луѓе (Мамурни људи)“   4:20
2. „Како какао (Као какао)“   4:13
3. „Femme Fatale“   4:05
4. „Ја чувам ноќта од будните (Чувам ноћ од будних)“   5:38
5. „Криза на триесеттите (Криза тридесетих)“   3:39
6. „Автопат (Аутопут)“   4:15
7. „Играј“   4:28
8. „Скопје“   2:31
9. „Го чекам дождот (Чекам кишу)“   5:37
Вк. траење:
38:46

Постава

уреди

Технички информации

уреди

„Како какао“ е првиот албум на Леб и Сол во кој нема ниту една инструментална композиција. Автор на текстовите на нумерите: 1, 2, 4, 5, 7 и 8 е Влатко Стефановски, а Горан Стефановски е автор на текстовите за 6 и 8 песна. Автор на текстот на песната „Femme Fatale“ е Арсен Дедиќ, а во таа песна настапува Драгана Шариќ, позната со своето сценско име Беби Дол. На оваа песна гостува и перкусионистот Мишко Михајловски, а на последната песна гостува Рони Вотен (Ronnie Wathen) кој свири на ирска гајда. На неколку песни гостува Ана Костовска во улога на помошен вокал. Влатко Стефановски ги пее сите песни, освен песната „Автопат“ која ја пее Бодан Арсовски. Автори на аранжманите на песните се членовите на групата, а албумот го продуцирале Влатко Стенавоски, Бодан Арсовски и Брацо Зафировски, кој бил снимател и миксер на албумот. Албумот е снимен и миксиран во текот на зимата 1986/1987 година, во студиото „М2“ на Радио-телевизија Скопје. На предната страна на албумот е ставена сликата „Ta Matete“ на Пол Гоген од 1892 година (која ја фотографирал Федор Џамоња), а албумот го дизајнирал Иван Пико Станчиќ.[1][4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Leb I Sol ‎– Kao Kakao (пристапено на 4.9.2020)
  2. „Vlatko Stefanovski i Leb i sol, "Kao kakao" '87: "Femme Fatale" - poklon pesma Bebi Dol i Arsena Dedića“. Посетено на 2022-10-01.
  3. „Top 20 YU rock LP izdanja 1987... I zašto su Vesna i Halid prodali više ploča od domaćih rockera...“. Посетено на 2022-10-01.
  4. Leb I Sol, Kao Kakao, CAY 1942, Jugoton, 1987.