Калјани (Солунско)

Калјани (грчки: Άλωρος, Алорос; до 1926 година: Κάλιανη, Калјани[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Калјани
Άλωρος
Калјани is located in Грција
Калјани
Калјани
Местоположба во областа
Калјани во рамките на Гида (општина)
Калјани
Местоположба на Калјани во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°36′E / 40.583° СГШ; 22.600° ИГД / 40.583; 22.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Надм. вис.&100000000000000060000006 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Денес, селото претставува составен дел од Клиди.

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во непосредна близина на реката Колудеј и на Солунскиот Залив, на надморска височина од 6 метри.[2]

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на 2 километри северно од селото Клиди.

Историја

уреди

За време на Античка Македонија, се наоѓало во областа Ботиаја, на устието на Бистрица во Солунскиот Залив. Селото претставува родно место на регентот Птоломеј I.

Селото најверојатно претставувало мала чифлигарска населба.[2]

Во 1926 година, селото било преименувано во Алорон или Алорос (Άλωρος). Во 1949 година, Калјани и Клиди биле одвоени од општината Корифи и создале самостојна општина Клиди. Селото за последен пат се појавило во пребројувањата во 1971 година.[3]

Стопанство

уреди

Основни производи на жителите на селото биле памукот, шеќерната репка и пченицата.[2]

Население

уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Калјани живееле 107 Грци христијани и 48 Роми.[2][4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Калјани (Kaliani) живееле 100 Грци.[5]

Како чифлигарска населба, во пописот од 1913 година било забележано само со 30, а во 1920 година со 51 жител. Во 1928 година биле попишани 76, во 1940 година 109, во 1951 година 104, во 1961 година 82, а во 1971 година само 37 жители. Во пописите од 1981 и од 1991 година било забележано без жители, бидејќи се пресметани во составот на жителите од селото Клиди.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 109 104 82 37
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Денес, селото претставува дел од селото Клиди.

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάλιανη -- Άλωρος
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 12.
  3. „Страница на поранешната општина Плати“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2016-03-09.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.