Корифи
Корифи (грчки: Κορυφή) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.
Корифи Κορυφή | |
---|---|
Координати: 40°36′N 22°30′E / 40.600° СГШ; 22.500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Гида |
Општ. единица | Плати |
Надм. вис. | 10 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1,227 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на неколку километри југоисточно од градот Гида, а западно од градот Солун, во близина на железничката пруга која води од Солун за Атина, на надморска височина од 10 метри.[2]
Сместено е во областа Урумлак. На половина километар западно од селото се наоѓа маалото Нихор (Νεοχωρόπουλο), во минатото сметано за одделно село.
Историја
уредиНеговото население уште од порано било погрчено.[2]
По Првата светска војна, во 1922 година, во селото биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, Корифи била мешана населба со 24 бегалски семејства со вкупно 88 жители, додека во Неохоропуло - биле сместени 21 бегалско семејство со вкупно 87 жители.[3]
Стопанство
уредиСелото е сместено во сред поле, кое е многу плодно и располага со одлични услови за земјоделство. Основни производи на селото се памукот и шеќерната репка, а големо внимание му се посветува и на краварството, бидејќи селото располага со 2.000 декари зелени површини кои се користат како ливади.[2]
Население
уредиПо податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Корифи (Korifi) живееле 145 Грци.[4]
Иако Бранков го споменува со 145 жители, изгледа селото било многу поголемо, бидејќи со пописот во 1913 година селото било забележано со 455 жители, а во 1920 година со 568 жители. По 1923 година тука биле населени и 24 бегалски семејства со 89 жители. Поради убавата местоположба, плодната почва и извршените мелиорации, бројот на населението постојано растел. Од 816 жители, колку што биле забележани во 1928 година, во 1940 година нивниот број се покачил на 1.206. Во 1951 година биле попишани 1.208, во 1961 година 1.686, во 1971 година 1.656, во 1981 година 1.650, а во 1991 година 1.520 жители. Зголемувањето на бројот на жителите во 1961 година па наваму се должело и на фактот дека соседното село Нихор било припоено кон Корифи. Од 2001 година, селото Нихор повторно се води како посебна населба.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.544 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.227 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.206 | 1.208 | 1.686 | 1.656 | 1.650 | 1.520 | 1.544 | 1.227 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Корифи, во кој покрај Корифи влегува и селото Палихор.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 15.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 218-219.