Калау
Калау (германски: Calau, долнолужички: Kalawa) — мал град во округот Горен Шпревалд-Лужица, во јужен Бранденбург, Германија. Се наоѓа 14 километри јужно од Либенау и 27 километри западно од Котбус.
Калау | |
Градско собрание | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Горен Шпревалд-Лужица |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Вернер Зухнер (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 162,59 км2 |
Надм. височина | 93 м |
Население | 7.660 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 47 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OSL (порано: CA) |
Пошт. бр. | 03205 |
Повик. бр. | 03541 |
Портал | www.calau.de/ |
Местоположба на градот Калау во рамките на округот Горен Шпревалд-Лужица | |
Координати | 51°44′45″N 13°57′3″E / 51.74583° СГШ; 13.95083° ИГД |
Географија
уредиГрадот Калау се наоѓа во средишниот дел на Долна Лужица, околу 27 километри западно од Котбус на источниот крај од природниот парк Долнолужички гребен, како и на јужниот крај од познатиот Шпревалд.
Во областа околу Калау се наоѓаат многу поранешни јагленокопи, кои сега се заштитени области за животните и растенијата. Многу места се препуштени на природата по нивното облагородување.
Население
уредиДенес, постојат само малкумина луѓе со лужички корени кои живеат во Калау, иако Лужичките Срби биле прилично големо малцинство во 1843 со околу 30,8% од целокупното население. Низ годините нивниот број се намалил значително, па во 1900 имало само 3,5% Лужички Срби.
Меѓународни односи
уредиЗнаменитости
уреди- Споменик на аголот на улиците Карл Маркс и Парк, во 1928 првично бил посветен на првиот царски претседател Фридрих Еберт, уништен од нацистите во 1933, потоа посветен на жртвите од националсоцијализмот во 1948, за во 1989 да биде посветен на жртвите од фашизмот и сталинизмот.
- Споменик за глумецот Јоаким Готшалк. Кога неговата еврејска жена Мета и неговиот син Михаел требало да бидат депортирани, целото семејство решиле да изврши самоубиство на 6 ноември 1941.
Луѓе
уреди- Дитрих фон Боксдорф (1410-1466), бискуп на Наумбург
- Роберт фон Патов (1804-1890), пруски политичар
- Јоаким Готшалк (1904–1941), глумец
- Жан Пјер Вите (р. 1923), шумски научник
- Карлос Анвантер (1801-1889), водач на првиот контигент на германски колонисти и основач на германско училиште во Валдивија (Чиле)
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди„Калау“ на Ризницата ? |