Шпревалд
Шпревалд или „Шума околу Шпре“ (германски: Spreewald, долнолужички: Błota) се наоѓа околу 100 километри југоисточно од Берлин. Бил одреден како биосферен резерват од УНЕСКО во 1991. Познат е по неговиот традиционален систем за наводнување, кој се состои од над 200 мали канали (наречени Fließe; со вкупна должина од 1.300 километри) во рамки на областа од 484 км². Пределот бил обликуван во текот на леденото доба. Шумите од евла во мочуриштата и боровите во сувите делови се карактеристички за областа. Можат да се сретнат и пасишта и полиња.
Опис
уредиОколу 50.000 луѓе живеат во биосферниот резерват (1998). Многу од нив се наследници на првите доселеници во областа Шпревалд, словенските племиња на Лужичките Срби/Вендите. Тие успеале да го зачуваат нивниот јазик, обичаи и облека.
Луѓето главно зависат од туризмот. Многу туристи уживаат во откривањето на Шпревалд со чунови. Земјоделството, шумарството и рибарството се другите значајни извори на приходи. Главен град во областа е Либенау.
Шпревалд е употребен во имињата на следниве окрузи во Германија:
Природа
уредиОколу 18.000 врсти на флора и фауна постојат во резерватот. Во 1991, Шпревалд бил прогласен за биосферен резерват од страна на УНЕСКО.
Галерија
уреди-
Вендски девојки во велигденска облека, април 1930.
-
Традиционална облека, околу 1948
-
„Поздрав од Шпревалд“: разгледница од 1899
-
Туристички брод во канал низ Шпревалд во Либенау-Леде
-
Вообичаен речен брод до рамно дно во Шпревалд
-
Поштенска служба во Леде
Надворешни врски
уреди„Шпревалд“ на Ризницата ? |